X
 01.03.2017 Култура

Десет духовни места на Земјата со најголемо поле на енергија


Постојат места на Земјата кои се познати по своите силни енергетски зрачења и кaде што можe да се почувствува концентрирана енергија која води кон повисоки духовни нивоа, пишува Enlightened consciousness.

Овие се десетте такви места, познати по својата висока енергија:

1. Рила во Бугарија

Оваа планинска верига е еден од најсилните енергетски центри во светот. Не е случајност дека еден од најголемите духовни мајстори на дваесеттиот век – Петар Данов, алијас Беинса Дуно, го избрал ова место за пренесување на својата мудрост. Подрачјето околу Рилските езера всушност поседува многу висока енергија која сензитивните личности интензивно ја чувствуваат и доживуваат.

2. Мачу Пичу во Перу


Фото: Wikipedia

Изгубениот град на Инките е едно од местата кои се поврзани со другите енергетски центри во светот. Инките го изградиле високо на Андите и тоа место се смета дека е катализатор на енергија, која овозможува доживување на вонземски искуства.

3. Сокотра 

Сокотра е архипелаг составен од четири острови во Индискиот Океан, во близина на брегот на Сомалија. Специфичниот пејзаж, како и необичните флора и фауна, кои наликуваат како да се излезени од некој научно-фантастичен филм, лесно предизвикуваат чувство на вонземност или праисторичност. Како резултат на изолираноста со другите копна, на Сокотра се развиле многу специични растителни и живтински видови кои не можат да се најдат на други места во светот. Се смета дека овде духовната енергија може директно да се поврзе со вселенската.

4. Карпата Улуру во Австралија

Улуру е духовниот центар на Австралија и се наоѓа во средиштето на континенталната земја. Легендите говорат дека самата висорамнина е шуплива и дека е извор на енергија, која се нарекува Тиукурпа. Древните племиња кои живееле околу висорамнината оставиле многу нацртани стории во пештерите од тоа подрачје. Во сегашните племиња од таа област задржано е убедувањето дека кружењето околу карпата предизвикува појава на спиритуални визии кај луѓето.

5. Велигденски  Острови

Ова е едно од најизолираните места во светот, познато по фасцинантните камени џинови – moai, кои се издигаат вдолж каменитиот брег. Научниците досега немаат одговор на прашањето кој и зошто ги изградил.  Целото место е потполна мистерија, а островот е врв на голем вулкан кој се издига од океанските длабочини. Затоа и древните народи го нарекувале и „папокот на светот“, на локалниот јазик познат како Te Pito O Te Henua, додека во сегашно време преовладува името „Rapa Nui“. Второто домородно име за островот се преведува како „Очи кои гледаат кон небото“. За овој „Папок на светот“ се верува дека ги собира најважните духовни  енергии на Земјата.

6. Беланташ  

Висорамнината Беланташ која е лоцирана на Родопските планини во Бугарија е една од трите точки ( Беланташ - Син врв - Караџов камен) кои создаваат една од најсилните енергетски зони во Европа. Во подрачјето околу Беланташ како и во неговиот центар, постои силна енергија за која многу луѓе сведочат дека предизвикува паранормални појави.

7. Берат

Берат е гордоста на албанската архитектура. Стариот град е под заштита на УНЕСКО. Берат е прекрасен спој на источната и западната култура, традицијата и обичаите. Градот е ризница на албанската историја и доказ за хармонија меѓу религијата и културата. Велат дека во Берат луѓето поседуваат многу силна, духовна  и исцелителска моќ. Денес, надвор од градските ѕидини, живеат луѓе кои не веруваат во болести, што ова место го прави единствено и автентично.

8. Стоунхенџ

Стоунхенџ е најпознатиот мегалитски споменик во светот, најверојатно посветен на Сонцето, стар околу 5.000 години. Сместен е во средиштето на Салисбури Плејн, во Вилшер, Велика Британија. Познат е по своите огромни камени блокови наредени во круг. Сè уште не се знае со точност која е целта на Стоунхенџ, но многу научници веруваат дека споменикот бил користен како церемонијално или верско средиште. Според една теорија, Стоунхенџ е древна гробница.

9. Босанските пирамиди

Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат.

10. Планината Каилаш на Тибет

Планината Каилаш е најсветото место на четири религии кои потекнуваат од тој дел од Азија, а тоа се тибетанскиот будизам, хиндуизмот, џаинизмот, и старата, предбудистичка религија од Тибет – Бонго. Сите овие религии имаат свои легенди за ова место, но се обединети во тврдењето дека врвот на оваа планина е дом на боговите и еден од најмоќните енергетски центри на планетата, каде може да се достигне духовно блаженство.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура