Компанија која е во сопственост на Технолошкиот институт во Масачусетс, САД, собрала финансии за проект кој вклучува копање речиси 20 километри во внатрешноста на Земјата за собирање енергија.
Компанијата наречена „Куејз“ собрала 40 милиони долари за проектот. Оттаму велат дека парите ќе бидат вложени во развивање технологија за копање на една од најдлабоките дупки во Земјата. Доколку проектот успее, оваа технологија би можела да овозможи речиси бесконечен извор на чиста геотермална енергија.
Фото: Pixabay
Сегашните методи што се користат за копање во внатрешноста на планетата даваат ограничени резултати, но компанијата предлага машина наречена гиротрон која најчесто се користи за создавање електромагнетни бранови за загревање плазма во реактори за фузија. Компанијата би ја користела машината за копање во земјата наместо за загревање на плазмата.
Компанијата планира да ги претстави првите вакви машини во 2024 година, а комерцијалната употреба се планира за 2026 година.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay