X
 01.03.2019 Образование

Светски универзитетски рангирања според „QS“: Ова се најдобрите универзитети врз основа на предметите

Институтот за технологија во Масачусетс има 11 предмети што се најдоа на првото место на светското универзитетско рангирање според „QS“, за 2019 година.

Институтот доби број еден ранг врз основа на следните предмети: хемија, компјутерски науки и информациски системи, хемиско инженерство, градежно и структурно инженерство, електрично и електронско инженерство, механичко, воздухопловно и производно инженерство, лингвистика, наука за материјали, математика, физика и астрономија и статистика и оперативни истражувања.

Освен тоа, Институтот за технологија во Масачусетс се најде на второто место кога станува збор за предметите: сметководство и финансии, архитектура/вградена средина, биолошки науки, земја и морски науки, економија и економетрија и науки за животната средина.  

Рангирањето на предметите, кое се прави на годишно ниво, е дизајнирано да им помогне на потенцијалните студенти да ги пронајдат водечките универзитети што се во нивната област на интерес. Рангирањето се заснова на квалитетот и постигнувањата на истражувањата, академската репутација и вработувањето на дипломираните студенти.

Покрај Институтот, на првите места се најдоа и Универзитетот „Харвард“, Универзитетот „Оксфорд“ и Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Институтот за технологија во Масачусетс е рангиран како најдобар универзитет седум години по ред токму од светските универзитетски рангирања „QS“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование