X
 01.04.2015 Култура

Поучни цитати за животот и војната од Ернест Хемингвеј

Ернест Хемингвеј сметал животот е битка која човек секогаш ја губи. Но, иако тешкиот живот ќе ве победи и ќе ви ги искрши сите заби, сепак тој мислел дека може да го спаси неговото достоинство доколку живее храбро и опасно.

Кога имал 19 години тој напишал писмо до неговото семејство: „И колку е подобро да умреш во среќен период на незбунета младост, да си одиш со пожарот на светлината, отколку твоето истрошено тело да го „вадат“ од разнишаните илузии“.

Тој ја ценел храброста над се` останато. Цитатите подоли се извлечени од неговите интервјуа, есеи и книги - тие ја носат суштината на филозофијата која го мотивирала неговиот живот и исклучителна фикција.

Сега не е време да размислуваш за тоа што го немаш. Размисли за она што можеш да го направиш со тоа што го имаш.

Кога луѓето зборуваат, слушај целосно. Повеќето луѓе никогаш не слушаат.

Забавата на зборувањето е во истражувањето.

Најдобриот начин да откриеш дали можеш некому да веруваш е да му веруваш.

Интелигентен човек понекогаш е присилен да пие за да помине време со будалите.

Модерната американска литература доаѓа од книгата на Марк Твен „Хаклбери Фин“. Американското пишување доаѓа од таму. Пред оваа книга не постоеше ништо. Ниту пак после оваа книга не постои нешто добро.

Заборави ја твојата лична трагедија. Сите започнуваме од почетокот; треба да бидеш посебно повреден за да можеш сериозно да пишуваш. Но, болката треба да ја искористиш - а не да мамиш со неа. Биди и` верен како научник - но немој да мислиш дека си многу важен само затоа што ти се случува тебе или на некој друг што го знаеш.

Добриот дел на една книга е или нешто што кое писателот имал среќа да го слушне или ќе му го уништи животот засекогаш.

Ова треба да го правиме ние кога сме најдобри - да измислуваме - да измислуваме толку вистинито што подоцна ќе се случи токму така како што сме измислиле.

Не се грижи. Отсекогаш си пишувал и ќе пишуваш и сега. Се` што треба да направиш е да напишеш една вистинита реченица. Напиши ја највистинитата реченица што ја знаеш.

Никогаш не оди на патувања со некој што не го сакаш.

Секој ден над Земјата е добар ден.

Сите добри книги се слични една на друга во тоа што се многу повистинити од она што навистина се случило. Кога ќе завршиш со читањето на една од нив, ќе се чувствуваш како тебе да ти се случиле работите и после тоа, чувствуваш дека книгата ти припаѓа тебе.

Светот е убаво место, за кое вреди човек да се бори и многу мразам што ќе си одам од него.

Во старите денови луѓето пишувале дека е правично човек да умре за неговата земја. Но модерните војни не постои ништо правично во твојата смрт. Ќе умреш како куче за некоја глупава причина.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура