X
 01.01.2015 Наука

Случувања кои ја одбележаа науката во 2014 година

Науката во 2014 година ги исполнуваше страниците на сите магазини и веб страни. Да се потсетиме на најзначајните настани од оваа област во 2014 година.

 

1


Освоена комета

За прв пат во историјата на човештвото, еден човечки уред успеа да се спушти на комета на 12 ноември 2014 година. Станува збор за сондата „Розета“, која Европската вселенска агенција ја испрати за да ги испита деталите на површината на кометата 67Р/Чурјумов-Герасименко. Роботот „Филе“ не успеал да слета на предвиденото место туку на место во сенка, со што било невозможно да се наполнат неговите батерии. Сепак, роботот „Филе“ успеал за неколку часа да направи основни анализи кои потврдија дека на кометата се наоѓаат супстанции од органско потекло, и дека површината на кометата воглавно е прекриена со воден мраз покриен со тенок слој на прашина.

Епидемијата на ебола

 

Целата година е одбележана во борбата на човештвото со еболата. Еболата спаѓа во групата Филовиридае, во која има пет видови на вируси, од кои четири предизвикуваат вирусно заболување кај човекот. Инфекцијата се пренесува и преку контакт со телесните течности на заболените, како кај луѓето, така и кај животните. Оваа болест за прв пат била идентификувана во 1976 година во Судан, а брзо потоа и во Конго. Болеста предизвикува болка во мускулите, замор и главоболка. Потоа доаѓа до појава на дијареа, повраќање, црвенило и намалување на функцијата на црниот дроб и бубрезите. Стапката на смрт е на исклучително високо ниво, од околу 90%.

 

nastani


Орион на Марс

Успешното спроведено тест лансирање на вселенското летало „Орион“, дрон кој го дизајнираше НАСА во соработка со други вселенски агенции, со цел да не` одведе на Марс. Според плановите на НАСА, овој лет на Црвената планета треба да се случи во 2021 година.

Со ХИВ против ракот

На Универзитетот во Пенсилванија научниците искористија генетски модифициран ХИВ за да го репрограмираат имунолошкиот систем на пацеинти оболени од рак, такашто тој сам да ги напаѓа заболените клетки. Експерименталната терапија доведе до целосно излекување на повеќето пациенти кои дотогаш не реагирале на никаков вид на терапија. Од крвта на пациентите беа издвоени Т-зрнцата, белите крвни клетки кои го штитат организмот од вируси и рак, а потоа филтрираната крв била вратена назад. Подоцна се искористил модифициран облик на ХИВ вирус за да се заразат Т-клетките и во нив биле ставени гени способни да препознаат и нападнат одреден вид на рак. Клетките подоцна биле размножени и останале во телото на пациентите со месеци.  
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука