X
 01.04.2023 Образование

Италијанските универзитети претвораат хотели во студентски домови за странски студенти

Италијанските универзитети претвораат хотели во студентски домови за да привлечат повеќе странски студенти.

„Хотел ривиера“ во Месина сега е во сопственост на италијански универзитет откако бил купен со пари од ЕУ наменети за заздравување по пандемијата. Биле потрошени над 12 милиони евра за да се претвори хотелот во студентски дом.

„Хотел Либерти“ е друг хотел кој сега се користи од страна на студентите бидејќи универзитетот го изнајмил на период од 15 години. Италијанската Влада издвоила и над 960 милиони евра од финансиската поддршка од ЕУ за обезбедување ново сместување за студенти од странство. Се планира обезбедување на над 100.000 нови легла за студенти од странство до 2026 година.

Ректорот на Универзитетот во Месина, Салваторе Куцокреа, изјавил дека минатата деценија универзитетите се соочувале со намален број странски студенти, но и недостиг на финансии за студиски програми. Порано поголемиот дел од странските студенти биле од богати семејства што доаѓале во Италија да студираат уметност, јазици или култура, според него. Меѓутоа, ситуацијата се сменила оваа академска година, кога во Месина пристигнале над 900 странски студенти.

Ситуацијата е слична и во остатокот од Италија. Универзитетот во Милано планира да привлече повеќе странски студенти и планира да потроши 20 милиони евра за да изгради сместување за 258 студенти.

Минатата година Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија изјавило дека ќе доделува стипендии за зајакнување на меѓународните врски и промоција на Италија во странство.

Најголем дел од странските студенти во Италија се од Романија, Албанија и Кина.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование