Владата на Австралија извести дека ќе го зголеми периодот за право на работа по студирање за странските дипломци. Освен тоа, земјата ќе ги зголеми дозволените работни часови за странските студенти на 48 часа во две недели од 1 јули.
Владата ќе им дозволи на странските дипломци да работат дополнителни две години по дипломирањето во одредени индустрии во кои има недостиг на квалификуван кадар.
Со промените, странските студенти по дипломирањето ќе имаат право да работат четири години, наместо само две, како досега. За магистрите ќе биде дозволено да работат до пет години наместо три по магистрирањето, а за докторите на науки ќе биде дозволено да работат шест години наместо четири по докторирањето.
Минатата година на универзитетите во Австралија студирале 360.358 странски студенти, од кои најголем дел биле од Кина. Меѓутоа, само околу 16 отсто од странските студенти остануваат во Австралија по дипломирањето.
Извор:
Erudera
Насловна фотографија: Pixabay