X
 03.01.2019 Живот

Еден од најпосетените европски градови ќе наплаќа влез

Венециските локални власти ќе наплаќаат од 2,5 до 10 евра за влез во историскиот центар на градот, со што ќе се ограничи бројот на туристи кои честопати го пренатрупуваат градот.

Мерките изгласани викендов предвидуваат надлежните во Венеција да наплаќаат такса за престој. Нејзината висина ќе зависи од сезоната и ќе важи за сите посетители, без разлика дали сакаат да преноќат или само да поминат низ градот.

Фото: Pixabay

Таксата веќе важи за Лампедуза и уште неколку италијански острови.

Тоа би можело на Венеција да ѝ донесе приход од над 50 милиони евра годишно, бидејќи градот секоја година го посетуваат околу 25 милиони туристи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот