X
 01.05.2018 Живот

Месечен хороскоп за мај 2018 година

Што ви препорачуваат ѕвездите за овој месец?

Овен


Работа - Во текот на месец мај припадниците на овој знак ќе бидат под големо влијание на планетата Марс, па поради тоа ќе бидат многу повеќе посветени на случувањата во приватниот живот, отколку на кариерата, без оглед на тоа што ќе бидат вклучени во голем проект на работа. Ќе имате многу можности за нови проекти и ќе бидете доста неодлучни за тоа.

Љубов - Венера нема да биде многу наклонета на Овновите во текот на мај, така што крупните одлуки како што е бракот, децата и раскинување треба да се одложат за подоцна. Многу зафатени Овнови ќе го преиспитуваат својот емотивен однос и ќе се обидат да поработат на проблемите што ги имаат со партнерот, бидејќи партнерот ќе се однесува како тие да не постојат.

Здравје - Здравствената состојба ви е повеќе од одлична, а многу од вас ќе се чувствуваат совршено.

mese;en

Бик

Работа - Големи се шансите да бидете вклучени во крупи и сериозни бизнис проекти во текот на мај. Иако ќе ја прифатите работата, таа целосно ќе ве исцрпи и ќе ја извлече целата енергиа од вас. Крајно време е да одлучите во која насока сакате да оди вашиот живот и да се однесувате соодветно на тоа, бидејќи важно ви е личните интереси да бидат на прво место.

Љубов - Многу осамени Бикови ќе имаат големи шанси новиот романтичен партнер да го запознаат на работа или во кругот на пријателите. Што се однесува до зафатените припадници на овој знак, цел месец ќе биде полн со убави и страсни моменти. Одредени Бикови во брак ќе се соочат со предизвици и ќе дојдат до одредени непријатности.

Здравје - Вашата здравствена состојба ќе биде прилично деликатна бидејќи ќе бидете изложени на стрес.

Близнаци

Работа - Започнетите проекти треба да ги завршите пред 21 мај, затоа што подоцна ќе ги ставите семејството и емотивната стабилност пред кариерата. Ќе бидете прилично борбени во реализирање на вашите планови, а пред секој предизвик треба да се поставите дипломатски бидејќи ќе имате голема шанса да ги реализирате плановите поврзани со работата.

Љубов - Одредени слободни припадници на овој знак би можеле во мај да пронајдат нова љубов додека се обидуваат да ги извршуваат своите работни обврски, а некои од Близнаците би можеле да најдат среќа со личноста која на некој начин е поврзана со здравството. Близнаците во сериозна врска би можеле да имаат конфликт со партнерот бидејќи ќе сакаат повеќе слобода и време за себе.

Здравје - Добро би било да започнете да вежбате.

Рак

Работа - Ќе бидете посебно мотивирани да направите нешто и имате посебна сигурност за да ги постигнете вашите цели. Важно е да ја подобрите самодовербата, што најдобро ќе го постигнете преку унапредување на личниот имиџ бидејќи тој може да биде одлучувачки фактор во вашиот професионален развој.

Љубов - Шансите за заљубување кај слободните припадници на овој знак се зголемуваат после 21 мај, бидејќи тогаш ќе имате повеќе време за романтични случувања. Раковите во брак и стабилни врски ќе бидат изложени на стрес поради секојдневните случувања па нема да имаат доволно време за љубов.

Здравје - Одлично.

Лав

Работа -
Овој месец ќе бидете фокусирани на работата и финансиите повеќе отколку на приватниот живот и семејството. Големи се можностите вашата работа и опкружувањето да бидат нестабилни во текот на мај, а ќе има и големи промени во организациската структура. Службените патувања се прилично извесни. И покрај сето тоа, воопшто не треба да се грижите за вашата позиција бидејќи напредокот во кариерата ќе  биде одличен.

Љубов - Слободните Лавови често ќе излегуваат во текот на мај и ќе се движат во разни друштва па ќе имаат шанси за запознавање на интересни луѓе.  Шансите за влегување во нова врска ќе се зголемат на 21 мај, но односот нема да биде ништо сериозно, бидејќи вас ви е најважно да се забавувате. За зафатените Лавови следува бурен период со партнерот, па ова не е добар период за планирање на потомство.

Здравје
- Редовно вежбајте.

Девица

Работа - Вашата кариера е во фокус во текот на мај, па ќе имате голема можност да напредувате во професионална смисла. Можете да очекувате подобрување што се однесува до финансиите, но и подобра позиција на работата на која моментално сте. Може да се случи овој месец да ви понудат да се приклучите на работа на големи проекти.

Љубов - Слободните Девици имаат големи шанси да запознаат потенцијален партнер во работното опкружување, а ќе имаат помош од членот на семејството за да заживее романтичната приказна. Девиците во брак или врска треба да се подготват за соочување со предизвиците, и да дозволат односот со партнерот полека да се развива.

Здравје - Ќе бидете чувствителни, па внимавајте на здравјето овој месец.

Вага

Работа - Ќе дојде до големи организациски промени што ќе се одразат на вашата кариера, без разлика дали вашиот статус на работа ќе се промени значително и без разлика дали ќе се занимавате со работа што досега не сте се занимавале. Постоечките контакти, но и луѓето што сега ќе ги запознаете во работното опкружување ќе бидат од голема помош за зацврстување на вашата позиција на работа.

Љубов - Слободните Ваги ги очекува нова љубов на работното место, па не е исклучена ниту романса со претпоставен. Зафатените припадници на овој знак ќе бидат зафатени со работа, така што ќе се обидуваат да одржуваат баланс и хармонија помеѓу професионалниот и приватниот живот, а партнерот ќе им даде огромна поддршка.

Здравје
- Идеален период кога треба да го исчистите организмот од токсини.

Шкорпија

Работа -
Ќе се појават одредени предизвици во вашата кариера, но ќе успеете да ги пребродите благодарение на вашите професионални вештини. Од голема помош ќе биде вашата креативност бидејќи ќе успеете да ги пренесете вашите идеи со бизнис соработниците кои ќе ви даваат поддршка.

Љубов - Ќе има повеќе можности во текот на мај слободните Шкорпии да започнат нова врска, а многу од нив ќе го запознаат партнерот преку близок пријател или преку интернет. Многу Шкорпии во врска би можеле да ја преиспитаат својата врска. Припадниците на знакот што се во брак би можеле да имаат помалку проблеми бидејќи нема да најдат баланс помеѓу работата и семејниот живот.

Здравје - Ќе бидете полни со енергија.

Стрелец


Работа - Повеќето припадници на овој знак во текот на мај би можеле да добијат можност за нова работа, без разлика дали веќе работат или се во потрага на работа. Вработените Стрелци би можеле да ги очекуваат краткорочни турбуленции на работното место. Како и да е, пред да започнете нов проект или прифатите нова работа, донесете одлука врз основа на истражување на информациите што ви се достапни.

Љубов -
Слободните Стрелци можат да најдат партнер на секој чекор - на работа, во друштвото, во клубовите, во странство. Љубовта ќе ви стане моќна сила после 21 мај. Зафатените припадници на овој знак би можеле да очекуваат кон крајот на месецот помалку моменти со партнерот, но сепак, ова е одличен месец за планирање на проширување на семејството.

Здравје - Кревко. Внимавајте.

Јарец

Работа
- Ова е повеќе од одличен период за Јарците во потрага по работа. Голема помош во врска со ова прашање пристигнува уште првата недела од мај од некој член од вашето семејство. Ќе бидете во финансиски неповолности кон средината на месецот, но не треба да давате некое големо значење бидејќи ќе трае кратко време.

Љубов
- Припадниците на овој знак ќе почувствуваат силно влијание на Марс на емотивно поле. Осамените Јарци ќе сакаат да влезат во нова врска, но ако дојде до врската, бидете подготвени за брзо време да дојде и до нејзино завршување. Кај зафатените Јарци можна е принова во семејството.

Здравје - Болки во грбот.

Водолија

Работа - Ќе дојде до големи трансформации во рамките на компанијата во која сте вработени, што ќе има влијание на вашата кариера. Можно е да бидете префрлени на друго работно место или да започнете да се занимавате со сосема нова професија.

Љубов - Слободните припадници на овој знак ќе имаат неколку романтични можности, но ниту една од тие личности нема да им биде доволно добра за некоја посериозна приказна. Зафатените Водолии ќе имаат помалку конфликти кон средината на месецот, но последната недела од мај е резервирана за хармонија и забава со партнерот.

Здравје
- Со добра исхрана и ригорозно вежбање ќе имате одлично здравје.

Риби

Работа - Ова ќе биде месец на стагнација во кариерата. Би било паметно да го искористите мај за правење планови и нови проекти што би можеле да ги реализирате подоцна или да смислите начин како да го подобрите вашето работење. Со оглед на тоа што вашата финансиска ситуација ќе биде повеќе од стабилна, нема за што да се грижите.

Љубов - Слободните риби имаат големи шанси да запознаат нова љубов во нивната непосредна околина или во образовните институции. Исто така, членовите на семејството ќе помогнат да запознаете интересна личност. Зафатените Риби во средината на месецот би можеле да се соочат со помалку предизвици, бидејќи повеќе ќе бидат посветени на работата и семејството отколку на партнерот.

Здравје - Проблеми со очите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот