X
 01.09.2017 Живот

Месечен хороскоп за септември 2017

Што ви препорачуваат ѕвездите за овој месец?

хороскоп

Овен


Љубов - Преку работата може да запознаете некоја добра личност. Може да соработувате, па соработката да прерасне во нешто повеќе. Ова важи и за слободните и за зафатените - ве очекува одличен период во љубовните односи. Конечно ќе им ставите точка на минатото и на лошите работи во односите.

Работа
- Бидете вредни. Внимавајте на документите и на тоа што го потпишувате. Не правете ништо со некој доколку не сте доволно сигурни. Можеби ќе бидете понервозни и ќе имате повеќе обврски во текот на првите три недели од овој месец. Секој вид партнерство е позитивно за вас.

Здравје
- Хранете се здраво.

Бик

Љубов - Партнерот може да ви помогне во работата. Комуникацијата може да биде проблем на почетокот на месецот. Работите ќе бидат подобри од 6 септември. Конечно ќе одлучите со кого сакате да бидете, ако сте слободни. Нема да се навраќате на минатото. Не критикувајте го премногу партнерот, а ако сте слободни, не наоѓајте маани.

Работа
- Првата недела од септември не е поволна за вас. Ако немате работа, овој месец може да ја најдете преку пријателите, а во меѓувреме обидете се да работите нешто преку интернет. Другата половина на месецот ќе ви биде идеална за работа, па затоа ѕвездите ви препорачуваат да бидете трпеливи.

Здравје - Пијте вода.

Близнаци

Љубов - Комуникацијата со партнерот ќе се подобри од 6 септември. Доколку сте планирале некое пократко патување или одмор, ќе си поминете одлично. Ако имате проблеми, решете ги со разговор. Прво размислете дали сте незадоволни или партнерот навистина направил нешто погрешно. Ако сте слободни, од втората половина на месецот можете да очекувате ново познанство. Може да се врати личност со која претходно сте биле во врска.

Работа - Одличен месец за работа. Напредувате одлично. Не мора да се трудите многу, само завршете си ја работата навреме бидејќи многу работи зависат од вас. Проверете ги датумите, роковите и немојте да ги загубите важните документи. Не дозволувајте приватниот живот да влијае врз вашата работа.

Здравје - Ќе бидете прилично напнати во текот на овој месец.

Рак

Љубов - Вистински се забавувате и уживате во љубовта. Не дозволувајте некој отстрана да ви го уништи односот со партнерот. Немојте да правите љубоморни сцени со личноста со која сте во врска. Слободните ракови може да очекуваат да се појават некои интересни личности преку работата. Треба да се обидете да ги усогласите обврските со партнерот.

Работа - Не мора на сите да им раскажете што правите. Задржете нешто за себе. Не претерувајте со работата денес бидејќи ќе се нервирате. Обидете се да се насочите на она што веќе сте го започнале, немојте да правите повеќе работи наеднаш.

Здравје - Ќе се преморите овој месец, па затоа полека.

Лав

Љубов - Блескате и добивате комплименти од сите страни. Ако комуницирате со некоја личност што сте ја запознале преку пријатели, како и со некој преку интернет, можете да очекувате расплет на ситуацијата. Ако сте зафатени, добрата комуникација со партнерот може да ги реши сите проблеми.

Работа - Ако планирате нешто да продадете или да купите, направете го тоа токму овој месец. Парите доаѓаат во помали количини. Може да бидете нерасположени бидејќи ви требаат повеќе пари и сакате напредок. Затоа, бидете вредни.

Здравје -
Не прејадувајте се овој месец.

Девица

Љубов
- Новиот партнер може да го запознаете на работното место. Ако соработувате со некој што ви се допаѓа, можеби не е само флерт. Може да биде нешто од тоа. Доколку сте во врска, подгответе вечера за партнерот и на тој начин ќе го воодушевите. На сите оние што се слободни им претстои одличен период - ќе има флертување, забава, авантура и понекоја афера.

Работа
- Може да дојде до непредвидливи трошоци. Обидете се нешто да заштедите, иако не сте склони кон тоа моментално. Работата ќе ви донесе доста пари, па добро би било тие пари да ги искористите ако должите некому. Се препорачува овој месец да штедите и да бидете малку поскромни во вашите барања и трошења.

Здравје - Нервоза. Проблем со кожата.

Вага

Љубов
- Доколку сте во долга врска, сега е вистинско време да ги решите сите проблеми. Пофалете го партнерот, не мора да се расправате постојано. Бидете реални и само така може да дојдете до решение на проблемите. Компромисот е важна работа овој месец. Партнерот може да ви помогне во врска со парите, заработката и обратно.

Работа
- Можна е соработка со партнери од странство. Бидете оптимисти. Не нервирајте се ако дојде до проблеми, туку обидете се смирено да ги решите работите. Само така ќе имате голема парична добивка.

Здравје - Спијте повеќе. Организирајте се подобро за да имате повеќе време за одмор.

Скорпија

Љубов - Многу страсти овој месец. Доста радост ви носи партнерот. Неговото внимание и тоа како ви годи, па се чувствувате како да се наоѓате на седмо небо. Уживајте, но не претерувајте. Може да соработувате со партнерот на работа или може да добиете некои информации што ќе ви бидат од помош. За оние што се слободни, се препорачува да не кријат ништо, да не навлегуваат во афери и да избегнуваат флерт овој месец.

Работа - Не трошете премногу пари на работи што не ви се потребни. Исто така, немојте да позајмувате пари никому. Не земајте кредити бидејќи ова не е погоден период за тоа. Важно е како се гледате себеси на работа. Можна е соработка со пријател и некоја интересна бизнис-понуда преку пријател. Следете ги вашите желби и никогаш не откажувајте се од нив.

Здравје - Одлично.

Стрелец

Љубов - Можни се расправии со партнерот. Доста позитивни случувања и радости ќе доживеете ако зборувате отворено и ако не криете ништо. Бидете отворени, не лажете, не губете време со некој ако мислите дека не е за вас. Бидете реални. На почетокот на месецот треба да расчистите со некоја личност од минатото, доколку сега сте слободни.

Работа -
Ако сте приватник, одлично! Бидете среќни бидејќи имате доста работа овој месец. Многу пари ќе дојдат во вашите раце, немојте да претерувате со трошењето, туку вложете го тоа во нешто добро. Треба да научите да заработувате брзо доколку сакате да живеете како досега. Иако овој период не ви е лесно, сега ќе почувствувате позитивна енергија.

Здравје - Обидете се да се занимавате со спорт.

Јарец

Љубов - Збркани страсти и можни расправии во врската. Не нервирајте го партнерот, подобро е да се занимавате со некаков спорт отколку да се расправате. Излезете и прошетајте и така разбистрете ја главата. Тоа е најдобро за двајцата. Расположението ви се менува секој ден. Слободните може да запознаат интересна личност. Внимавајте, може да станува збор само за страст.

Работа - Доколку ви е потребен кредит за работа, земете го од другата недела. Доколку ги направите правилно работите, брзо ќе дојде до добри резултати. Немојте да се нервирате. Можна е работа со странци.

Здравје - Добро. Не претерувајте со храната.

Водолија

Љубов
- Доста со нервозите. Внесете некои нови работи во врската или бракот. Направете компромис со партнерот. Промените се секогаш потребни и добредојдени. Променете го пристапот на решавање на проблемите. Страста е нагласена. За слободните, можен е почеток на некоја врска, па и понатаму се отворени сите можности за тоа.

Работа - Семејниот бизнис е одличен овој месец, па доколку не се занимавате со ништо приватно, треба да започнете да размислувате за отворање. Одличен месец за напредок. Внимавајте какви документи потпишувате. Но овој месец дефинитивно ве следи среќата.

Здравје - Пијте повеќе течности.

Риби


Љубов -
Одличен однос со партнерот, а комуникацијата е уште подобра. Само гледајте да не го нервирате партнерот. Задржете го добриот однос и започнете да ја планирате иднината. Тоа е најважно. Ако сте слободни, треба да видите со која личност ќе имате одлична комуникација. Некое пријателство може да се претвори во нешто повеќе.

Работа
- Доколку работите од дома, ова е одличен период за вас. Можно е да добиете пари од странство, а можна е и долгорочна соработка со некои луѓе. Одличен месец, меѓутоа, не претерувајте со работата. Она што е важно да го направите е да си одите навреме дома.

Здравје -
Одлично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот