X
 01.06.2019 Образование

14.688 матуранти денеска ќе го полагаат тестот по странски јазик

Матурантите денеска, со почеток во 10 часот, ќе го полагаат првиот од трите екстерни тестови од државната матура - странски јазик (англиски, француски, германски или руски). За испитот по странски јазик се пријавени 14.413 кандидати за англиски јазик, 59 за француски, 201 кандидат за германски јазик и 15 за руски.
За матурата годинава се пријавени вкупно 15.553 ученици, од кои 7.692 се од гимназиско образование, 7.604 од средното стручно и 257 од средното уметничко образование.

По една недела од првиот екстерен испит, саботата на 8 јуни ќе биде екстерниот испит по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, за кој се пријавени вкупно 15.279 матуранти. Според податоците од ДИЦ, македонски јазик ќе полагаат 10.386 матуранти, албански 4.566 и турски 327.
На 11 јуни е полагањето на третиот екстерен испит. Новина годинава е што меѓу предметите првпат може да се избере и социологија, за кој се пријавени 569 кандидати.
На 13 јуни е тестот по математика со 2.049 пријавени кандидати.


Фото: МИА

Првичните резултати треба да бидат објавени најдоцна еден месец по одржувањето на последниот испит, тие се очекуваат до 13 јули 2019.
Кандидатите што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може повторно да полагаат во августовската сесија, на 12, 13, 14 и 15 август кога испитите се по ист редослед како и во јуни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование