X
 18.05.2021 Наша тема

Кога ученикот може да биде опоменат или избркан од државна матура, а кога може да му биде поништена?

Предлог за изрекување на мерката поништување на сите испити од државната матура и забрана за полагање на испитите во наредниот испитен рок даваат тестаторот и набљудувачот преку Училишната матурска комисија и Државниот испитен центар

Ако кандидатот што полага испит од државна матура ги наруши правилата за полагање на испитите од државната матура, според членот 46 од Правилникот за државна матура, може да биде: опоменат; отстранет од испит или да му бидат поништени сите испити од државната матура и да му се забрани полагање во наредниот испитен рок.

Сето ова детално е пропишано во членовите 46, 47 и 48 во Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците на испитите во државна матура во гимназиско, стручното и средното уметничко образование, објавен на веб-страницата matura.gov.mk.

Како ќе се правда отсуство од државна матура поради ковид-19?

Во кои случаи се нарушува испитниот процес?

Под нарушување на правилата за полагање на испитите од државната матура се подразбира ако ученикот:

- поседува и употребува недозволен материјал во испитната сесија, како хартија, мобилен телефон и други електронски уреди,
- несоодветно се однесува во текот на испитот, односно кога кандидатот се обидува да го прекине испитот, кога еден кандидат му пречи на друг кандидат или кога кандидатот упатува закани кон тестаторите или набљудувачите на испитот,
- разменува информации поврзани со испитот,
- препишува од друг кандидат,
- полага наместо друг кандидат,
- не го предава целиот или дел од испитниот материјал, како тест-книшката и листата со одговори,
- дозволува сопствениот труд да го искористи друг кандидат,
- пишува недолични знаци или содржини на тестот или листата за одговори кои не се поврзани со испитот.

Највисоката казна е поништување на испитите

За нарушување на правилата на екстерните и интерните испити, направено од страна на кандидатот, се изрекуваат истите мерки од членот 46, но степенувани.

Според членот 47 од Правилникот, за екстерните тестирања, опомена изрекува тестаторот, односно набљудувачот, така што го опоменува кандидатот и го запишува во Формуларот за идентификација на кандидатите - Протокол.

Термини за полагање државна матура

Опомената се изрекува во случаите кога кандидатот:
- поседува недозволени средства кои не се пропишани со испитната програма (хартија, мобилен телефон или други електронски уреди) за време на испитот,
- пишува недолични знаци или содржини во тестот или листата за одговори кои не се поврзани со испитот,
- разменува информации поврзани со испитот.



Ако по изречената опомена кандидатот продолжи да ги повторува овие прекршоци, тестаторот, заедно со набљудувачот, го прекинува испитот на кандидатот и му наложува да го напушти испитниот простор.
Во тие случаи тестот на кандидатот не се оценува.

Мерката за прекинување на испитот (отстранување од испитот), тестаторот, односно набљудувачот ја изрекува во случаите кога кандидатот:
- препишува од друг кандидат,
- дозволува сопствениот труд да го искористи друг кандидат.
Тогаш тестаторот/набљудувачот ја евидентира изречената мерка во Формуларот за идентификација на кандидатите - Протокол.

Мерката за поништување на сите екстерни испити од државната матура и забрана за полагање на испитите во наредниот испитен рок се изрекува во случаите кога кандидатот:
- употребува недозволени средства кои не се пропишани со испитната програма (хартија, мобилен телефон или други електронски уреди),
- полага наместо друг кандидат (замена за идентитет),
- не го предава целиот испитен материјал (тест-книшката и листата со одговори),
- несоодветно се однесува во текот на испитот (кога кандидатот се обидува да го прекине испитот, кога кандидатот упатува закани кон тестаторите или набљудувачите на испитот).
Тестаторот/набљудувачот ги евидентира нарушувањата на правилата за полагање на испитите од државната матура во Формуларот за идентификација на кандидатите - Протокол.

Предлог за изрекување на мерката поништување на сите испити од државната матура и забраната за полагање на испитите во наредниот испитен рок даваат тестаторот и набљудувачот преку Училишната матурска комисија (УМК) и Државниот испитен центар (ДИЦ).
Комисијата за изрекување мерки при ДИЦ, најдоцна три дена по испитот, писмено го известува кандидатот за изречените мерки.

Со прекршување на правилата не се оценува тестот

Според членот 48 од Правилникот за матура, за нарушување на правилата за полагање на интерните испити направени од страна на кандидатот се изрекуваат истите мерки од членот 46, степенувани.

Опомена изрекува тестаторот, така што го опоменува кандидатот и го запишува во формуларот за спроведување на интерниот испит.
Опомена се изрекува во случаите кога кандидатот:
- поседува недозволени средства кои не се пропишани со испитната програма (хартија, мобилен телефон или други електронски уреди) за време на испитот,
- пишува недолични знаци или содржини во тестот или листата за одговори кои не се поврзани со испитот,
- разменува информации поврзани со испитот.

Ако по изречената опомена кандидатот продолжи да ги повторува овие прекршоци, тестаторот го отстранува од испит и му наложува на кандидатот да го напушти испитниот простор.
Во тие случаи тестот на кандидатот не се оценува.
Мерката за прекинување на испитот (отстранување од испитот), Училишната матурска комисија (УМК) ја изрекува во случаите кога кандидатот:
- препишува од друг кандидат,
- дозволува сопствениот труд да го искористи друг кандидат.

Мерката поништување на сите интерни испити од државната матура на предлог на тестаторот, УМК ја изрекува во случаите кога кандидатот:
- употребува недозволени средства кои не се пропишани со испитната програма (хартија, мобилен телефон или други електронски уреди),
- полага наместо друг кандидат (замена за идентитет),
- не го предава целиот испитен материјал (тест-книшката и листата со одговори),
- несоодветно се однесува во текот на испитот (кога кандидатот се обидува да го прекине испитот, кога кандидатот упатува закани кон тестаторите или набљудувачите на испитот).

Тестаторот ги евидентира сите нарушувања на правилата за полагање на испитите во Формуларот за спроведување на интерните испити.

Претседателот на УМК најдоцна од 24 часа писмено го известува кандидатот за изречената мерка.
Подготвил: Радмила Заревска / radmila.zarevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема