X
 01.06.2019 Технологија

Купил телефон кој официјално не постои

Телефонот „мото Z4“ на компанијата „Моторола“ сè уште не е официјално претставен, но неодамна се најде во понудата на „Амазон“.

Телефонот, кој официјално сè уште не постои, му го привлекол вниманието на еден корисник, кој одлучил да го купи, а неколку дена подоцна телефонот му стасал на неговата адреса.

Јутјуберот Jetfire007 на својот канал објави кратка рецензија на телефонот и со тоа пред компанијата, светот и љубителите на мобилни телефони ги откри опциите на новиот уред.

Кога информацијата за непретставениот телефон се појави на интернет, веднаш имаше реакција од „Амазон“ и брзо го тргнаа телефонот од понудата, но со оглед на тоа што видеото со рецензијата е поставено на „Јутјуб“, може да се очекува „Моторола“ набрзо да го претстави.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија