X
 22.06.2015 Технологија

Проверете дали имате опасни апликации на телефонот


Еве лоши вести за корисниците на „Android“. Истражувачите откриле повеќе од 100 апликации кои не ги шифрираат податоците соодветно, со што им олеснуваат на хакерите да ги украдат лозинките на корисниците. Она што е полошо е тоа што повеќето од компаниите зад апликациите не преземаат ништо во врска со тоа.

Моменталниот проблем е ранливоста на HTTPS. Впрочем, со години знаеме дека апликациите се чувствителни на овој проблем и дека со него се загрозува приватноста на корисниците. Но изненадува тоа што меѓу опасните апликации се наоѓаат познати сервиси како „Match.com“, „Safeway“ и „Pizza hut“, што се особено популарни во САД.



Сите апликации на „Android“ не се во опасност. Како и да е, се претпоставува дека несигурните апликации биле преземени 200 милиони пати, односно во опасност се 200 милиони лозинки на корисниците.

Преземете го „AppBugs“ за да видите дали имате опасни апликации на телефонот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија