Замислете да влезете во просторија и вашиот телефон автоматски да почне да се полни. Истражувачи од Универзитетот во Мичиген и Универзитетот во Токио создале систем за безбедно пренесување струја преку воздухот, преку магнетни полиња.
Алансон Семпл, професор на Универзитетот во Мичиген, објаснил дека технологијата може да се користи за безжично полнење на електронските уреди, но и за медицински примени, како полнење на срцеви импланти.
Истражувачите сега работат на намалување на уредот кој ќе го овозможи ваквото полнење со цел да биде преносен.
Претходно ваквата технологија користела штетна микробранова радијација, но според истражувачите, најновата верзија е целосно безбедна.
Истовремено, компании како „Енергус“ и „Осиа“ развиваат други методи за безжично полнење на уреди со безбедна инфрацрвена технологија. Тоа значи дека во иднина многу е веројатно дека нема да ни требаат денешните полначи за да ги полниме телефоните и компјутерите.
Извор:
Interesting Engineering
Фото: Pixabay