X
 01.08.2019 Живот

Џиновски полжави во Москва

Џиновски полжави, кои можат да бидат долги и до 15 сантиметри, ја преплавија Москва, па некои граѓани се исплашија за судбината на своите домашни растенија и животни.

Видот арион вулгарис, попознат како „шпански полжав“, предизвикува штета кај билките, а и пренесува бактерии кои се опасни за домашните миленичиња. Шпанскиот полжав се смета за еден од 100-те најголеми напасници во Европа.

Еден ваков полжав, кој инаку е хермафродит, може да изведе до 400 јајца при еден процес на оплодување.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот