Училиште за женственост. Ваквите училишта станаа популарни во Русија, а нивната цел е да ги научат жените да бидат домаќинки.
Инструкторките во училиштата сметаат дека мажите се заштитници, а жените се чувари, односно оние што се грижат и ги извршуваат домашните обврски. Според основачката на училиштето „Woman Inside“, жената може да научи да биде неверојатна, успешна и совршена млада жена, која ќе биде вредна за мажот според неговата замисла.
Училиштето на Алесија Терекова е лоцирано во Москва. Таа вели дека жените доаѓаат кај неа за да им помогне во три области: да пронајдат хармонија, да пронајдат сопруг и да пронајдат пари. Курсевите во училиштето се приспособени според потребите на секоја жена, а се сочинети од манири на масата до учење да започнат интересен разговор.
Интересен податок е тоа што Терекова не е мажена.
Повеќе детали за ова училиште погледнете во следното видео.