01.09.2020
Живот
Месечен хороскоп за септември 2020 година
Овен
Во септември не извршувајте никаква ментална работа. Ќе бидете нервозни и неселективно ќе се однесувате, што може да доведе до синдром на прегорување. Хороскопот посочува дека ќе биде подобро да имате малку одмор, а на крај да се вклучите во некоја работа.
Наесен можете да очекувате многу работни обврски. Во текот на септември Марс е во Девица, што предизвикува слабеење на емоциите. Поради тоа, треба да се фокусирате на вашата работа. Некој може да ви застане на патот, но вие ќе го решите како вистински овен - заземајќи борбен став.
Бик
Со почетокот на септември полека ќе ги потрошите резервите на енергија, а повеќето од работите ќе се вратат во нормала. Не очекувајте возбуда во работата или во романтичните врски. Посветете го времето на семејството. Во овој месец на блиските ќе им треба поддршка - и вам ќе ви треба нивната, а ранливоста само ќе ве зближи. Вие сте бик, па во можност сте да им дадете дополнителна мотивација и желба за живот. Ценете ги овие вредни моменти.
Годишното време ве тера да ги изострите сетилата. Бикот е повнимателен и природно се обидува да ги процени своите приоритети. Тој се откажува од она што не е важно. Што се однесува до односите, не мора да се грижите, нема големи промени во септември.
Близнаци
Ако некое време ви се допаѓала некоја личност, септември е идеално време да го направите првиот чекор. За вашиот потенцијален партнер вие ќе бидете шармантни и убедливи, што значи да имате големи шанси за сериозна врска. Затоа, внимавајте на здравјето, може да се искомплицира од стресни настани во кругот на семејството. Потребно е да се грижите за вашето тело, затоа не заборавајте да вежбате и да консумирате храна полна со витамини и минерали.
Иако обично ве привлекуваат нови и непознати работи, во септември ве очекува токму спротивното. Најдобро ќе се чувствувате во семејството, кое ве штити од проблеми од кои се плашите.
Рак
Со влијание на Венера, септември ќе биде полн со емоции - надворешно нема да се забележи, но внатрешно ќе се борите. Благодарение на тоа, ќе се зголеми вашата емпатија бидејќи ќе сфатите дека никогаш не знаете низ што може да поминат другите. Ќе бидете добар слушател, но не треба да заборавите и на сопственото ментално здравје. Забавете малку. Нема потреба од брзање, одморот и мирот на умот побрзо ќе ве одведат напред.
Септември ви носи голема продуктивност. Ракот не се грижи за врските во ова време бидејќи смета дека прашањата што се поврзани со врските се бескорисни и неинтересни. Вашата работа станува ваше засолниште, но само до одреден степен. Во стресни ситуации честопати сте фрустрирани, што може да предизвика да го префрлите стресот врз вашите пријатели или семејство, затоа бидете внимателни.
Лав
На почетокот од овој месец веројатно нема да избегнете конфликт. Може да изгледа дека намерно барате интеракции каде што ќе бидете во состојба да го изразите својот гнев и незадоволство. Септември ќе ве принуди да ги обвините другите за сопствените грешки. Пред да почнете со расправија, размислете двапати дали воопшто вреди. Зборовите имаат моќ да лекуваат, но и да повредуваат. Можете подоцна да жалите за вашите арогантни забелешки.
Септември е доста стресен период од годината за вас. Врските слабеат затоа што лавот мора да надомести сè што пропуштил во текот на летото. Меркур во Девица ви дава аналитички способности, па затоа едноставно решете го секој проблем, така ќе ја олесните секоја ситуација.
Девица
Со почетокот на новиот месец работата ќе излезе во прв план. На работното место ќе има голема нервоза и неизвесност, па дури може да почувствувате дека сте на работ на нервен слом. Синдромот на исцрпеност е вистински, а ако не сте задоволни од вашата работа, научете да кажете не. Вашето ментално здравје е од многу поголема вредност и ако изгледа дека не можете да се смирите, пробајте да медитирате. Септември ќе претставува тест за вашата кариера и постои вистински потенцијал да излезете посилни од кога било.
Со доаѓањето на есента очекувајте наплив на одговорност, главно во вашата работа. Лесно ви е да решите каков било проблем, а вашиот претпоставен го цени тоа. Односите би можеле да ве оддалечат од целите, па затоа треба да го одделите приватниот од професионалниот живот.
Вага
Овој септември ќе направи да се чувствувате како воопшто да не ве интересира материјалниот свет. Ќе му придадете големо значење на вашиот духовен живот. Ќе бидете возбудени кога ќе го откриете ова. Септември за вас ќе значи период на интензивен духовен развој.
Подгответе се. Месецот ви носи храброст да го кажете она што го посакувате. Лесно ви е да побарате зголемување на платата или подолг одмор. Во овој период преговорите се исплаќаат. Но имајте на ум, без болка нема добивка.
Скорпија
За луѓето родени во овој знак септември ќе биде емотивно напнат - тешко дека ќе избегнат нервоза. Многу нешта се случуваат и во вашата кариера и личниот живот и треба да научите да се смирите. Апсолутно идеален начин да го направите тоа е спортување, читање, медитација, вежби за дишење, здрава исхрана и самообразование. Потоа ќе добиете вредност во сопствените очи, а вашиот живот ќе се одвива многу помирно.
Есента носи мирни вибрации што ќе ги чувствувате во текот на целиот месец. Ситуацијата во љубовта и кариерата конечно е стабилна и можете да уживате во заслужената релаксација. Најдобар начин е активен одмор, како спорт или долги прошетки.
Стрелец
Во септември грижете се за себе бидејќи во овој период можеби нема да се чувствувате многу добро. Може да бидете нападнати од вирус или полошо - бактерии кои нема лесно да ги победите. Треба да го забавите животниот ритам и да бидете под што е можно помал притисок. Исто така, треба да работите на зајакнување на имунитетот - внесувајте витамин Ц и направете правилен и редовен режим на спиење и пиење. И вежбањето прави чуда, па ако почнете да практикувате јога, не можете да направите погрешен чекор.
Во септември можете да почувствувате есенска демотивација, но ќе ви помогне тоа што ќе ѝ останете верни на вашата природа. Одмор и благосостојба ќе најдете во активности како прошетки во природа или создавање есенски украси. Ако нешто не оди добро, не вознемирувајте се и учете од грешките.
Јарец
Септември ќе покаже кои врски вреди да се зачуваат, а кои не. Ако сте во долга врска и имало нерешено прашање што виси во воздухот, можеби сега е време да го отворите повторно, а потоа да разјасните. И семејството ќе биде под влијание на оваа енергија. Кој ви работи зад грб, а кој не? Сето тоа ќе излезе на површина сега. Сосема е можно резултатот да биде различен од вашите идеи. Бидете подготвени на сè.
Во септември секој јарец треба да вложи време и енергија во здравјето. Долгите денови на работа и честите можности за прекувремена работа може лошо да ви влијаат. Затоа, не заборавајте да имате некаква физичка активност и доволен сон. Не грижете се за врските, тие се лесни и хармонични.
Водолија
Септември ќе биде месец на саморефлексија - ќе го оцените вашиот живот до денес и ќе ги анализирате вашите грешки, како и успесите. Не гледајте во минатото премногу долго. Само објективно погледнете го своето поранешно однесување бидејќи може да биде многу корисно за вас. Тоа ќе ви помогне да ги избегнете чекорите што сте ги направиле на погрешен начин. Сепак, никој не е совршен, затоа не казнувајте се премногу. Исто така, не заборавајте на вашето здравје бидејќи може да се разболите од целиот стрес.
Во септември ќе треба да се вратите во циклусот на работниот живот. Бидејќи вашите чувства се бурни, со задоволство се фрлате во работата. Меркур во Девица ви дава аналитичко размислување. Благодарение на тоа, ќе добиете увид во кој било проблем, па можете лесно да го решите.
Риби
Во септември ќе се плашите дека нешто може да тргне наопаку. Во однесувањето ќе бидете многу внимателни, а пред да направите нешто, двапати ќе размислите. Сепак, внимавајте да не завршите не правејќи ништо. И покрај тоа што темпото е забавено, не значи дека треба да стагнирате. Што е со мирните хобија, како плетење, посета на културни претстави или трчање? Ќе бидете совршено приспособени на овие активности.
Во септември треба да бидете внимателни со вашата физичка сила - немојте да ја преценувате. Рибите се природно многу чувствителни. Ако сте се прецениле при промената на годишните времиња, тоа би можело да го погоди вашето здравје. Бидете умерен спортист и опуштете се.
Подготвил: Тамара Гроздановски