X
 02.05.2017 Живот

Месечен хороскоп за мај 2017 година

Што ѕвездите ви препорачуваат за месец мај?

мај

Овен


Љубов - Полесно се дише, нели? Ја имате Венера позади вашиот грб, па уште во толку незгоден аспект со Сатурн и тоа како го комплицира вашиот љубовен живот во изминатиот месец. Сега, кога оваа небесна убавица се наоѓа во вашиот знак, работите делуваат многу пооптимистички во вашите емотивни врски. Доколку сте слободни, не би требало овој статус да биде ваков уште долго време.

Работа
- Овој месец сте апсолутно способни да заработите. Не само што со вашиот труд ќе успеете многу работи, туку и ќе бидете миленик на среќата - па некои шанси сами од себе ќе се создадат пред вас. Малку трпение и компромис сè додека Меркур се наоѓа во вашиот знак, бидејќи во конјукција со Уран може да кажете нешто без размислување и импулсивно. Можни се шанси за брза заработка, меѓутоа потребно е да бидете смирени и работите да ги правите полека за да не си ги уништите добрите можности.

Здравје - Потребна ви е физичка активност и движење.

Бик

Љубов - Неспоредливо подобра љубовна ситуација за зафатените Бикови. Чувството на незадоволство го оставивте зад себе, насочени сте кон саканата личност и ви одговараат заедничките моменти исполнети со задоволство, страст и уживање. Немојте здраво за готово да ги земате ваквите ситуации и да сметате дека сега е во ред и дека не треба да продолжите со труд кон саканата личност. Она што е најважно, немојте да дозволите некои ситуации „од страна“ да ве повлечат, да се вплеткаат во приказни кои ќе ви бидат интересни или кои ќе донесат нота на предизвик.

Работа
- Марс во полето на работата и финансиите во текот на мај ќе работи за вас. Партнерските односи ќе тргнат по нов, поуспешен правец - промените кои ќе ги внесете за брзо време ќе заживеат и ќе можете да сметате и на подобри финансиски приливи. Односот со колегите ќе успеете да го држите под контрола и воглавно ќе ја имате нивната поддршка и помош.

Здравје - Одлично ниво на енергија.

Близнаци

Љубов
- Во текот на првиот дел од месецот вашите емотивни односи ќе доживуваат променливи ситуации - почесто ќе имате расправии и конфликти. Овој период е време за позитивни промени кои вие ќе ги создадете, а партнерот со задоволство ќе ги прифати. Крајот на месецот може да донесе некое затишје, особено ако бидете во фаза на тврдоглавост и инсистирање да го „истерате своето“.

Работа
- На самиот почеток на месецот ќе имате чувство дека ситуациите од април само се повторуваат. Можности за дополнителни работни ангажмани се тука, само размислете дали ќе ви го пореметат ритамот на работа и моментални обврски. Марс се наоѓа во вашето поле на личноста и тоа е одлична можност за нови работни ангажмани.

Здравје - Заштедете енергија, не ја трошете за глупости.

Рак

Љубов
- Љубовната прогноза за зафатените припадници на овој знак не е ни малку лоша кон крајот на мај, но очигледно е дека некои од вас ќе го променат својот статус. Имено, како што постојат големи можности, некои Ракови кои се во подолги емотивни врски може да дојдат до реализација на своите планови за заеднички живот или брак со саканата личност.

Работа - Отприлика, до половина на месецот очекувајте гоелма активност на ова поле - ќе имате многу состаноци, повици, контакти со бизнис партнери, соработници. Во сето ова ќе се снаоѓате како риба во вода, свесни дека вашите планови започнаа да се движат и сега морате да дадете се` од себе.

Здравје - Одлично расположение.

Лав

Љубов
- Доколку сте зафатени, се чини дека вложувате само еден дел од себеси во однос на саканата личност. Потребно е со партнерот да се вратите на некои стари теми и да ги затворите. исто така, колку и да сакате да се затворите помеѓу четири ѕидови и да уживате во интимноста со саканата личност, ќе морате да сфатите дека и на двајцата ви е потребна живост, контакт со пријателите, излегувања. Доколку сте слободни - пријателите имаат големо влијание врз вас.

Работа - Одличен месец, во кој ќе успеете да се опоравите од ударите кои ви ги зададе април. Во текот на првите денови од мај, се` уште ќе брзате, ќе морате да се борите со разни околности кои нема да бидат на ваша страна, но после тој период ќе влезете во „помирни води“. Сонцето се наоѓа во вашето поле на кариерата, а во текот на вториот дел од мај, Меркур ќе ви донесе подобри контакти и полесни соработнички односи.

Здравје
- Големи промени во расположението.

Девица

Љубов -
Во првиот дел на мај се` уште ќе ве влечат последиците од случувањата од месец април. Односот со саканата личност ќе ви донесе доста интензивни и напорни моменти. Може да сте претерано љубоморни, посесивни, и во секој случај расположени за расправање. Но, работите во вашиот емотивен живот сепак полека доаѓаат на свое место.

Работа -
Полето на кариера е нагласено со транзитирањето на Марс и голема сила и иницијатива ќе вложите во работниот сегмент. Во текот на првиот дел од мај очекувате голема живост, активност, контакти со соработниците. Многу обврски со кои успешно ќе се снајдете на крај. Во вториот дел од месецот ќе успеете да ги соберее вистинските заслуги и вашите напори ќе бидат наградени.

Здравје
- Ситни здравствени тегоби.

Вага

Љубов - Драги Ваги во емотивни или брачни врски - вашата владетелка е во транзит низ знакот Овен  и се подготвува половина од месецот да влезе од својот циклус на ретроградност. Добар совет би бил и тоа како да го искористите месецот за да го подобрите односот со саканата личност, да решите некои заеднички прашања кои ве мачат и дополнително да се врзете еден со друг и да се усогласите, како и да ја стабилизирате вашата врска.

Работа
- Полната Месечина се случува баш во вашето поле кое се поврзува со работата и финансиите. Секако можете да очекувате пораст на вашето влијание во работното опкружување и со тоа, добри можности за напредување и развој. Меркур малку ќе ве кочи кога станува збор за договори, но за брзо време ќе се ослободите од оваа блокада и ќе навлезете во период кога промените во партнерските односи ќе бидат во ваша корист.

Здравје -
Започнете нов режим на исхрана и фрлете се на спорт.

Шкорпија

Љубов
- Најголем дел од проблемите кои беа интензивни во вашите емотивни односи, не се случуваа само во текот на април, туку и во периодот пред април. Некои односи престанаа да постојат, некои се подобрија, а некои ве направија подобра личност. Полната месечина во вашиот знак може да донесе зголемување на љубомората и сомневањето, а ако саканата личност после тоа покаже некои знаци дека обрнува внимание на некој друг, тогаш проблемите надоаѓаат.

Работа - Венера влезе во вашето поле на секојдневието што ќе ви донесе динамика и брзање. Навикнавте работите да ги завршувате во последен момент. Добрата позиција на вашиот владетел зборува за силна иницијатива, активности во контактите со бизнис партнерите и соработниците. Колку и да се подобрат вашите финансии во мај, сепак ќе морате да бидете внимателни во овој сегмент во текот на последната недела.

Здравје
- Проблеми со стомакот.

Стрелец

Љубов - Во мај влегувате во прилично интензивен контакт со емотивниот партнер. Само некои од вас ќе успеат напнатите аспекти да ги контролираат и да ги пренасочат на друга страна. За слободните Стрелци - Венера повторно се наоѓа во вашето поле на љубов и забава и сигурно ќе бидете расположени за контакти со спротивниот пол. Но, вашите намери сега не одат во правец на сериозна врска, па се задоволувате со површни случувања.

Работа
- Чувството дека работите се случуваат надвор од ваша контрола е присутно уште од април. Некои промени конечно ќе заживеат, после неколку пати одложување. Исто така, вашите идеи и креативни решенија ќе можат да најдат пат до заинтересираноста. Бизнис партнерите и соработниците ќе бидат активни кон вас и нивните страни можете да ги очекувате во текот на втората половина на месец мај.

Здравје
- Одлично!

Јарец

Љубов
- Неможноста да се опуштите и да уживате во односот со саканата личност дефинитивно го одбележаа месец април. Време е сега да излезете од мрачната фаза бидејќи во вашето поле на домот и семејството повторно доаѓа Венера. Потрудете се да најдете доволно време еден за друг, и конечно да надминете некои прашања од минатото и успешно да ги решите. Ако сте слободни, вашето поле на љубов ќе биде доста активно во текот на овој период, па дефинитивно можете да изградите еден стабилен и компактен однос.

Работа
- Кога станува збор за работата, поминавте разни фази во претходниот период и воглавно чувствувате незадоволство поради проблемот со кој се соочуваа вашите планови. Средете го она што сте го пропуштиле, и проверете ги сите обврски за случајно да не пронајдите некоја грешка. Сето ова е неопходно за со мирна глава да влезете во вториот дел од месецот, кој според вас, е доста поволен.

Здравје - Занимавајте се со некоја физичка активност.

Водолија

Љубов -
Немавте лоши емотивни односи ниту во текот на месец април, а сега секако очекувајте само подобрување и напредување во однос на саканата личност. До крајот на мај сигурно ќе уживате со вашата сакана личност. Доколку сте слободни, вашите љубовни шанси ќе ги имате во изобилие во текот на овој период. Прашање е само што сакате - дали сакате сериозност или сакате да се забавувате, не размислувајќи што ќе биде утре?

Работа - Кон крајот на првата половина од месец мај, полната Месечина ќе биде во вашето поле на кариера што дополнително ќе ги искомплицира работите, меѓутоа и ќе ви отвори можност да започнете да реализирате некои ваши идеи и креативни решенија. За вас единствено проблематичен ќе биде крајот на месец мај бидејќи тогаш може да дојде до конфликт со личноста со која долги години соработувате.

Здравје
- Обидете се да се одморите и релаксирате.

Риби


Љубов
- Првиот дел од овој месец ви ја донесува изразената потреба што побрзо да ги средите проблемите и прашањата со саканата личност. Доста ви е нон стоп да се враќате на едно исто, па ќе се потрудите конечно да ставите точка на одредени ситуации. Од почетокот на втората половина работите ќе се променат на подобро - ова е период кога вие и вашата сакана личност сте подготвени за комуникација.

Работа
- Иако Венера се наоѓа во вашето поле на работа и пари, и со тоа да ви донесе полесно функционирање и подобри околности, сепак работите малку ќе се искомплицираат. За вас во финансискиот сегмент е променлива втората половина од месецот кога може да направите киксови, погрешно да инвестирате и сл.

Здравје - Стресот и нервоза предизвикуваат пад на имунолошкиот систем.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот