„Притаено зло“ (Resident evil) нема да добие нова сезона. „Нетфликс“ не нарача втора сезона бидејќи екранизацијата на популарната видеоигра не била гледана, а лошите оцени придонеле за одлуката.
Серијата на „Нетфликс“ била последен обид за екранизација на популарната видеоигра. Меѓутоа, малку повеќе од еден месец по нејзината премиера, на серијата ѝ се гледа крајот. Првата сезона не ги оправдала очекувањата на „Нетфликс“.
Во првата седмица корисниците потрошиле 72 милиони часa гледајќи ја серијата, што се зголемило за еден милион часа во наредната седмица.
Критиките на професионалците и публиката не биле најдобри. Серијата има рејтинг од 3,9 на ИМДВ, а на „Ротен томејтос“ има 55 отсто.
Меѓу генералната публика, обожавателите на видеоиграта се најголеми критичари. Тие не се задоволни од серијата исто како што не биле задоволни од претходните адаптации на франшизата. Меѓутоа, има гледачи кои ја сакаат серијата бидејќи ѝ дава модерна слика на приказната.
Во меѓувреме, првата и единствена сезона на серијата сè уште е достапна на „Нетфликс“.
Извор:
Srednja
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)