X
 14.10.2021 Култура

Зошто „Нетфликс“ добива тужби за „Игра со лигни“?

„Игра со лигни“ во моментов е најпопуларна серија во светот. Затоа „Нетфликс“ се соочува со проблем - тужби. Компанијата добила неколку тужби за помалку од една недела.

Првите проблеми започнале со премиерата на серијата. Во првата епизода, на визит-карта која ја рекламира играта, се наоѓа телефонски број на кој треба да се јават учесниците пред да започне играта. Овој број навистина постои и му припаѓа на жител на Јужна Кореја кој сега добива над 4.000 повици дневно.


Се наведува дека луѓето вртеле на бројот од љубопитност, но имало и такви што се јавиле да се пријават за учество во играта. Од „Нетфликс“ изјавиле дека ќе му платат отштета на лицето чиј телефонски број бил прикажан во серијата.

Истовремено се подготвува и посериозна тужба од страна на јужнокорејскиот провајдер „СК Бродбенд“, кој се жали дека оваа серија, односно „Нетфликс“ ја преоптоварил мрежата, па интернетот е слаб.

Доколку на суд се докаже дека „Нетфликс“ е виновен, провајдерот може да добие отштета од 32 милиони долари.

Извор: Nova
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура