Веројатно нема подобро време за уживање во нови серии и филмови од декември. „Нетфликс“ подготвува неколку добри наслови кои треба да излезат во декември. Еве дел од нив.
„Љубовникот на дамата Чатерли“ (Lady Chatterley’s Lover)
На 2 декември пристигнува адаптацијата на романот на Д. Х. Лоренс. Приказната е за жена на барон која почнува бурна афера со својот ловочувар. Во главната улога е Ема Корин, која ја играше принцезата Дијана во претходната сезона на серијата „Круната“.
„Улицата на светулките“ (Firefly lane)
На 2 декември пристигнува втората сезона од оваа серија. Во неа ќе дознаеме што е тоа што му ставило крај на 30-годишното пријателство на Тали и Кејт, главните улоги во серијата.
„Пинокио на Гиљермо дел Торо“ (Guillermo del Toro's Pinocchio)
Проектот на режисерот Гиљермо дел Торо е нова анимирана адаптација на класичната приказна за Пинокио. Филмот ќе пристигне на 9 декември.
„Емили во Париз“ (Emily in Paris)
На 21 декември ни пристигнува третата сезона од оваа серија. Таа е креирана од Дерен Стар, креаторот на култната „Сексот и градот“. Серијата има неколку номинации за награди, но е критикувана поради користење француски стереотипи.
„Стаклен кромид: нож в грб“ (Glass onion: a knives out mystery)
На 23 декември „Нетфликс“ ќе почне да го прикажува продолжението на филмот „Нож в грб“, еден месец по неговото прикажување во киносалите. Во продолжението може да се очекуваат големи ѕвезди како Едвард Нортон, Кетрин Хан и Кејт Хадсон.
„Вештерот: Крвно потекло“ (The witcher: blood origin)
Оваа серија е за настаните што ѝ претходат на серијата „Вештерот“, околу 1.200 години претходно. Серијата ќе почне да се прикажува на „Нетфликс“ на 25 декември.
Извор:
Ultra
Насловна фотографија: Pixabay