X
 01.10.2018 Живот

Месечен хороскоп за октомври 2018 година

Овен

Работа - Драги овни, октомври ќе биде стресен за вас. Ќе имате тешкотии во реализирањето на работните задачи поради ситуациите на кои не можете да се приспособите. Ќе бидете напнати. Внимавајте да не направите грешка. Насочете се кон решавање на обврските што сте ги запоставиле. Избегнувајте нови инвестиции. Средината на октомври ви донесува можност за решенија, така што ќе може да постигнете договори околу исплатата што ја должите и да започнете еден нов проект.

Љубов - Во вашите односи со саканата личност ќе се појави љубомора, што може да заврши со сериозни конфликти. Несогласувања ќе имате и поради заедничките вложувања и домашниот буџет. Кон средината на октомври ќе успеете да пронајдете решение така што ќе разговарате со саканата личност и ќе го изнесете сето она што не ви се допаѓа. Ако сте слободни, ќе доживеете средба со поранешна љубов, а тоа ќе ве вознемири.

Здравје -
Внимавајте, може да се соочите со воспаление на урогениталниот тракт.

Бик

Работа - Ова не е добар месец да почнете нови јавни проекти, ниту да имате јавни настапи. Ако вашата работа се однесува на работа со клиенти, ќе имате тешкотии, а можни се и незадоволни клиенти. Во односот со бизнис-партнерите ќе наидете на проблеми. Избегнувајте склопување нови договори. Може да дојде до неочекувано разидување со еден од бизнис-партнерите или раскинување на договорот.

Љубов - Октомври ќе биде прилично стресен и променлив месец за вас кога станува збор за односите со саканата личност. Ќе се појават конфликти со партнерот околу заедничките планови. Секој ќе ја влече својата страна и нема да можете да се согласите. Избегнете расправии. Втората половина на октомври полесно ќе постигнувате договор, но тензиите и понатаму ќе траат и ќе има расправии и несогласувања. Слободните ќе се обидат да привлечат внимание на личност што ќе ја запознаат на забава.

Здравје
- Ослабен имунитет.

Близнаци

Работа - Во текот на овој месец ќе биде неопходно повеќе да се ангажирате околу порано започнатите, а недовршени задачи на ова поле. Неочекувани компликации на работа може да настанат поради потезите на конкуренцијата која ќе ги уништи вашите планови. Обрнете внимание некој да не ви работи зад грб. Ќе започнете сериозни преговори за нови бизнис-можности кои во минатото неколку пати сте ги одложиле. Овој пат ќе успеете да се договорите. Последните денови на октомври ви носат можност за подобар обрт на пари.

Љубов
- Вашиот партнер ќе биде незадоволен од вашето внимание и вашата врска ќе се најде пред искушение. Можни се сериозни несогласувања доколку криете нешто од партнерот бидејќи вашиот партнер неочекувано ќе дознае нешто што не сте му го кажале. Избегнувајте неискреност. Втората половина на октомври ќе ви донесе нови нејасностии и неочекувани пречки во однос на саканата личност. Потребно е да се потрудите да најдете заедничко прифатливо решение.

Здравје -
Време е да ги промените вашите навики во исхраната.

Рак

Работа - Ќе наидете на тешкотии во проектите со партнерот што нема да можете јасно да ги дефинирате и да ги решите бидејќи ќе доаѓаат од непознат извор. Со тоа, ќе се соочите во напнатост во вашите бизнис-односи. Внимавајте, некој ви работи зад грб. Избегнувајте какви било ризични потези и инвестиции. Можен е прекин на една соработка, што би ви ги уништило плановите, особено ако сте сопственик на приватна компанија.

Љубов - Првата половина на октомври ќе ви донесе несогласувања со партнерот. Незадоволството што сте го потиснале ќе почне да ја уништува вашата емотивна врска. Разговарајте за ова со партнерот. Во вториот дел од октомври ќе успеете да се стабилизирате. Потребни ви се ритуали во заедничкиот живот. Крајот на октомври ќе биде опуштен во односите со саканата личност. Ќе уживате во заедничките моменти.

Здравје
- Главно ќе имате добро здравје.

Лав


Работа - Ќе одложувате некои важни рокови. Причината ќе биде неочекувана пречка и раскинување на една соработка. Ова ќе бара да се реорганизирате и некои сегменти повторно да ги обработите. Ќе забележите дека има грешки што мора да се поправат. Втората половина на октомври ќе ви донесе несогласувања со еден бизнис-партнер и ќе ви го отежне напредокот во заеднички проект. Ќе почнете еден проект што претходно се обидувавте да го започнете, но не успеавте поради неповолни околности.

Љубов - Повторување на тензиите и несогласувањата што ги имавте претходниот месец. Немојте повторно да ги правите истите грешки. Несогласувањата ќе се засилат. Избегнувајте љубоморни сцени и расправии околу секојдневните ситници. Ќе имате влијание што ќе ви помогне да ги пребродите несогласувањата со саканата личност. Ќе промените нешто во вашиот пристап и однесување, што ќе го израдува вашиот партнер.

Здравје - Ќе имате чувствително грло и желудник.

Девица


Работа
- Ќе се соочите со финансиски губитоци поради вашите непромислени потези, но и поради активностите на конкуренцијата. Ќе имате отежнати договори околу важни работи. За некои точки, порано започнатите преговори ќе треба повторно да ги анализирате. Важно е добро да се подготвите. Вашата финансиска ситуација ќе се подобри благодарение на успешно постигнатите договори и мудри потези. Невработените Девици ќе имаат можност да се вработат во областите на сообраќајот и транспортот и областите на комуникацијата.

Љубов -
Ќе започнете разговори со партнерот за вашите меѓусебни очекувања и исполнувања на емоциите едни кон други. И двајцата ќе ги посочите работите што се незадоволувачки во вашата врска, а од оваа дискусија може да произлезат и љубоморни сцени и расправии. Ќе побарате подобар начин да му пристапите на партнерот и да ја подобрите комуникацијата и довербата во врската. Постарите девици ќе сакаат да пронајдат личност со која ќе можат подобро да комуницираат.

Здравје - Можни се воспалителни процеси и инфекции.

Вага

Работа
- Можна е ненадејна посета на инспектори, што би можело да ви ги уништи плановите и да ви донесе тешкотии. Обрнете внимание на сето она што не е направено на полето на парите, на уплатите што доцнат и на вашите обврски кон банките. Време е да се потрудите да го подобрите приливот на средства на вашата сметка. Невработените ваги повеќе пати ќе се обидуваат да добијат нова работа, но по третиот обид ќе бидат успешни.

Љубов
- Првата половина на октомври ви носи несогласувања во семејството. Со саканата личност нема да успеете да се согласите околу семејните обврски. Ќе бидете преоптоварени со проблеми од материјален тип бидејќи и двајцата ќе бидете ангажирани на работа и надвор од домот. Ако сте слободни, ќе забележите дека личноста што ви се допаѓа не одговара на вашите сигнали и дека во нејзиниот живот се појавила друга личност. Ова ќе предизвика наплив на љубомора.

Здравје
- Контролирајте го крвниот притисок.

Скорпија

Работа - Нема да успеете се приспособите во работната средина, со што ќе се забави реализирањето на планираните задачи. Најмногу внимание и време треба да посветите на работните односи, вашиот настап и реорганизацијата. Ќе откриете дека некој од соработниците или подредените ви работел зад грб и ќе сфатите каде ви нанел штета. Нема да ви биде лесно да надоместите.

Љубов - Приврзаноста од страна на саканата личност почнува да се губи. Ќе дојде до заладување на односите, а причина за тоа ќе бидат недоразбирањата, недоволното внимание од ваша страна и нерешените непријатни ситуации од минатото. Можни се конфликти. Потребно е да ги усогласите односите за работите да тргнат на подобро и да ги промените вашите ставови во однос на вашиот партнер, како и да внесете нешто ново, со што ќе ја освежите и ќе ја подобрите врската.

Здравје -
Чувајте се од повреди.

Стрелец

Работа - Избегнувајте комплицирани ситуации поврзани со парите, големи инвестиции и трансакции и обрнете внимание на тековите на парите. Некој ќе се обиде да ви наштети, па би можеле да се соочите со губиток. Посебно внимание обрнете на сето она што се случува во заднина и на луѓето кои би можеле да се обидат да го искористат тоа. Ако сте сопственик на приватна компанија, ќе им дадете отказ на некои вработени.

Љубов - Ќе има несогласувања во вашиот однос со саканата личност. Нема да успеете да се приспособите еден на друг и ќе дојде до чести расправии. Нема да успеете да се согласите околу заедничките инвестиции. Партнерот ќе се сомнева дека нешто криете од него. Во втората половина на октомври ќе имате уште еден конфликт со партнерот и ќе ви биде тешко да постигнете договор околу заедничките планови. Слободните стрелци ќе се соочат со одлична можност за влегување во емотивна врска.

Здравје
- Ослабена циркулација.

Јарец

Работа - Обрнете внимание на работните односи и врски. Ќе наидете на тешкотии во тимската работа. Вашите соработници ќе доцнат во исполнувањето на обврските, што ќе доведе до тоа да бидете принудени да одложите некои рокови. Би можеле да имате губитоци. Освен тоа, можно е и прекинување на соработката со еден или повеќе соработници.

Љубов - Крајно време е да се посветите на заедничките активности со саканата личност и да ја намалите вашата обземеност со различни обврски што секојдневно ги измислувате за да избегнете блискост. Првата половина на октомври ви донесува доста искушенија во вид на несогласувања околу важните заеднички планови. Можни се расправии. Слободните јарци ќе се обидат да влезат во авантура со личност која не е слободна, но ќе се разочараат бидејќи личноста воопшто нема да им одговара.

Здравје - Ќе ви биде неопходна психофизичка релаксација.

Водолија

Работа -
Побавен развој на вашите планови бидејќи ќе ви пречат разни неповолни околности. Најмногу ќе наидете на финансиски тешкотии и недостиг на потребни средства. Поради тоа ќе бидете принудени да ги одложите роковите и некои работи додека не го решите проблемот со финансиите. Невработените водолии ќе наидат на препреки во пронаоѓањето соодветна работа.

Љубов - Обрнете внимание на потребите на вашиот партнер. Може да ве изненадат тајните што ќе излезат поради нешто што не сте го решиле навреме во вашата емотивна врска или во бракот. Слободните водолии на една забава ќе забележат некој што ќе ви го привлече вниманието и со кој ќе започнат разговор. Пријатно ќе се чувствуваат бидејќи личноста ќе им одговара и ќе има одлична смисла за хумор. Ќе договорите средба што ќе ветува многу.

Здравје - Болки во зглобовите и колената.

Риби

Работа - Лесно ќе ги постигнувате саканите резултати. Ве очекува успех во областите на трговијата и забавата и ќе бидете доста креативни. Поволната шанса за добивање поддршка од една личност на висока позиција ќе ви ги отвори вратите за напредок во работата. Невработените риби ќе добијат нова работа благодарение на помошта од еден пријател кој ќе ги препорача.

Љубов - Почетокот на октомври ви носи несогласувања со партнерот. Нема да успеете да се согласите околу начинот на реализирање на една заедничка цел. Ќе започнете да се сомневате дека партнерот нешто крие од вас. Во некои работи нема да ве поддржува. Слободните риби ќе се чувствуваат празно и разочарано во првата половина на октомври.

Здравје - Чувствително грло.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот