X
 01.05.2020 Живот

Месечен хороскоп за мај 2020 година

Овен

Ако конзервативниот овен не одеше по нови искуства досега, мај може да го промени тоа. Овој месец овенот може да најде скриена внатрешна желба за непознатото. Универзумот ќе почне да ви дава нетипични ситуации и опции што би можеле да разбудат страв во вас. Меѓутоа, ако ги надминете вашите грижи, можете да бидете речиси сигурни дека нема да се каете, без разлика дали тоа е патување, нови опции за кариера или врски. Едноставно кажано, имате можност да почнете да цветате.

Во мај ќе откриете дека навистина треба да го слушате своето срце. Најголем дел од вашата енергија ја ставате во односите со партнерот и семејството. Овенот ужива дома со друштво, каде што може да се шегува и да ужива во многу забава. Покрај тоа, многу сте трпеливи, што ви помага да ја завршите секоја работа што ја сакате.

Бик

Долго време работите на унапредување? Сега конечно тоа може да се оствари. Вашиот работодавец сигурно ќе го цени вашиот напор и затоа би можеле да ги искористите придобивките од вашата работа. Ако сте претприемач, мај и неговата енергија ќе ви донесат можности да заработите повеќе пари. Но, не треба да заборавите на семејството. Можеби во моментов некој чека да му се извините за одредена грешка што сте ја направиле во минатото.

И покрај тоа што мај е месец на љубовта, бикот доживува период без љубов. Поради Меркур во Бик, емоциите треба да се оддалечат, додека размислувањето и трпеливоста, кои се манифестираат во комуникацијата, се издвојуваат. Имајте надеж и искористете го овој период за лично образование и напредок.

Близнаци

Мај е апсолутно идеален месец за зајакнување на односите со блиските. Ќе бидете убедени во тоа кога ќе одите на кратко патување или заедно ќе одите на вечера. Близнаците ќе бидат отворени за градење посилни врски и нема да имаат проблем да кажат што мислат. Вашата голема енергија ќе биде заразна и за другите, па поминувањето време со вас ќе биде навистина радосно за другите.

Треба да обрнете внимание на љубовта и односите за целиот месец мај. Близнаците ги слушаат нивните срца во овој период, па затоа се склони кон импулсивно однесување. Во втората половина од месецот вашите чувства се поинтензивни. Благодарение на оваа перцептивност, треба да посетите некои културни настани како театар, концерт или омилен уметник, макар и виртуелно.

Рак

Во овој период нема да застанете на едно место затоа што ќе ве привлекуваат голем број понудени опции. Ќе бидете во можност да комбинирате разни области во животот и да посветувате доволно внимание на секоја од нив. Месецов е период кога конечно напорите ќе вродат плод - мај ќе биде крајно продуктивен. Ракот треба да внимава на тенденциите да биде арогантен затоа што може да ги исплаши другите луѓе. Затоа, пред да кажете нешто, имајте на ум дека понекогаш молчењето е злато.

Во мај навистина сакате да ги проширите своите хоризонти, па слободното време го поминувате во читање книги. Треба да се фокусирате на стекнување нови знаења, кои можете да ги искористите во своја полза. Промените во вашето расположение може да предизвикаат да барате кавга со вашиот партнер или пријател, но немате проблем да решите каков било конфликт.

Лав

Меј ќе донесе мирни емоции, што значи дека ќе чувствувате внатрешен мир, иако можеби немате вистинска причина за тоа. Се чини дека коцките се редат на свое место - без разлика дали тоа се односите, кариерата или личниот раст. Сепак, не смеете да го заборавите и вашето здравје. Ќе бидете склони кон грип и настинки и затоа препорачуваме да го зајакнете вашиот имунитет со соодветни чаеви и билки. И, ако додадете спорт во мешавината, ништо не може да ве стигне.

Мај го буди вашата глад за информации, така што ќе го поминете целото време читајќи книги. Но, тоа не е проблем,затоа што знаете дека овие информации можат да бидат многу корисни во иднина.

Девица

Мај е апсолутно идеален месец за каква било физичка активност. Вашата состојба ќе биде на врвот, па затоа хороскопот препорачува да се искористи при спортување и разни физички активности. Физичката активност има смирувачки ефект и за телото и за умот. Девицата сега ќе сфати колкав ефект има храната врз општата благосостојба.

Штом дојде мај, веднаш сакате да излезете. Вашата самодоверба ве прави ѕвезда во секое дружење. Се чувствувате како да правите луди работи, но за жал со тоа предизвикувате и многу расправии. Имајте на ум, вашата потреба да се докажувате може да предизвика проблеми со пријателството.

Вага


Мај ќе донесе интересни идеи кои ќе бидат одлично искористени, пред сè, во работната област на животот. Веројатно размислувавте за еден интересен проект што би сакале да го реализирате во период од неколку месеци. Ѕвездите велат дека ако преземете реализација на оваа уникатна и нова идеја, ќе го соберете слаткиот плод дури и ако тоа значи напуштање на работата. И во случај да не сакате да оперирате во непозната територија, можете да почнете да го правите тоа истовремено додека ја извршувате тековната работа.

Мај апелира до вас за промена. Под влијание на сегашната позиција на ѕвездите, не можете да одолеете на влијанието на срцето и барем еднаш ослободете се од неодлучноста и брзо дејствувајте. Но, бидете внимателни да не изгледате крајно радикално, тоа може да доведе до големи спорови.

Скорпија

Мај ќе претставува одредена загуба на вашите емоции и кога станува збор за разговор со вашата подобра половина за иднината ќе се чувствувате како воопшто да не сте вклучени. Потребно е да му покажете на партнерот дека се грижите за него. Дискутирањето за сериозни работи може да се остави за некое друго време.

Секоја скорпија може да го очекува мај со желба за ново учење, што одамна го посакувала. Свесни сте дека сето она што го учите сега ќе го искористите во иднина во своја полза. За жал, може да има некои непријатни конфликти, но овој пат силно застанете зад вашето мислење.

Стрелец

Со влијанието на Сонцето во овој период ќе бидете големи оптимисти. Ве опкружува позитивна енергија, а исто така ќе се чувствувате решителни, па дури и алчни. Одите силно кон вашата цел и се чини дека нема ништо што може да ги спречи вашите планови и намери. За луѓето родени под овој огнен знак мај ќе биде еден од најпродуктивните месеци. Луѓето блиски до вас ќе го забележат тоа, па дури и може да ве земат како пример. Иако тоа ќе ви ласка, обидете се да избегнете арогантно однесување. Може да ги исплаши дури и најверните придружници.

Мај ви дава многу енергија, што буди желба за нови искуства. Стрелецот може да очекува моменти полни со авантура, романса и страст, што сигурно го штити од неволја. Не размислувајте само за себе и имајте разбирање за луѓето што не го делат вашето позитивно размислување.

Јарец

Со влијанието на Марс, мај ќе се одвива во духот на редот и организацијата. Можеби ќе чувствувате потреба да го средите плакарот и да ја исфрлите старата облека или да го измиете автомобилот - накратко, да го ставите секој аспект од вашиот живот во ред. Чувствувате одбивност од секој хаос, а со вашите активности за чистење ќе ги инспирирате и луѓето блиски до вас. Веројатно сте забележале дека кога работите на чисто опкружување, вашиот ум е посветол.

Како што се излегува, мај посакува љубов, а за вас тоа важи двапати. Уживате во секој момент, не само во врските, туку и во културните средини.

Водолија

Со влијанието на Сонцето мај ќе ви даде способности за лидерство. Вие сте знак чија основа е хуманоста, така што не мора да се плашите дека би изгледале арогантно. Вашите колеги и семејство ќе чувствуваат дека навистина има нешто во вашите идеи и ќе им ги претставите со таквата убедливост што ќе ги натера да останат на ваша страна. Искористете го ова самоуверено време за подобрување на вашите односи - на крајот на краиштата, социјалниот контакт е она што нè прави луѓе.

Во мај треба да работите на себе, како во менталниот така и во физичкиот аспект. Тука доаѓа совршено време да се ослободите од зависноста и да создадете нови здрави навики. Наместо да гледате телевизија, треба да возите велосипед или да приготвите здрава храна.

Риби

Рибите се природно интровертен знак. Сигурно не сакате да зборувате пред многу луѓе и да го споделувате вашето чувство - вашата идеја за совршена вечер е време поминато под ќебе со добра книга, наместо да бидете опкружени со многу луѓе на забава. Сепак, мај може да го промени тоа. Ќе бидете поинтензивни, а sвездите ќе ви дадат добри вештини за говорење, па затоа нема да се срамите од овие предизвици - можеби ќе бидете изненадени поради ова.

Слободните риби особено ќе уживаат во мај бидејќи ќе дојде нивниот интересен човек. Искрата меѓу вас двајца може да се почувствува на километри; затоа не можете да избегнете љубовна врска. Не дозволувајте вашите емоции да фрлат сенка врз вашата кариера.

Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот