Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти (од прва година) на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година - за градот Скопје.
- По објавувањето на резултатите студентите имаат право на приговор во рок од 5 дена (од денот на објавување на резултатите), кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука - со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје - соопштија од Министерството.
Оттаму напоменуваат дека согласно конкурсот, сместувањето во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје ќе се врши само во реновираните блокови А и Б.
- Резултати по приговорите ќе бидат објавени на интернет-страницата на Министерството за образование и наука на 15.10.2019 година - соопштија од МОН.
Фото: dsdskopje.mk