X
 07.09.2020 Живот

Баба Ѓурѓа од Скопје со своите цвеќиња го потсетува цел Балкан на најголемата вредност во животот

Баба Ѓурѓа го потсети цел Балкан дека можеме да бидеме обединети откако на „Твитер“ беше раскажана нејзината приказна, пишува српскиот портал „Ноиз“. Оваа жена живее од продажба на цвеќиња, а цело Скопје, Балканот и дијаспората ѝ помагаат секојдневно што побргу да ги распродаде своите букети.

- Бевме кај баба Ѓурѓа, која секој ден продава цвеќиња од својата градина и живее од тоа. Договорот со соседите е кој прв ќе дојде кај неа, да ги купи сите цвеќиња за да не мора да седи на улица на жештините, туку што побрзо да си купи појадок и да си оди дома да одмора - напиша неодамна една твитерџика, која објави и фотографии од букетите што ги прави бабичката.

Меѓу воодушевените луѓе што коментирале има и такви кои се нудат сами да уплатат пари за некој од следните денови, за бабичката да може полесно да си ја заврши работата. Се откри и дека не е првпат луѓе од дијаспората да праќаат пари за најубавите цвеќиња на Балканот.

Секој што патот ќе го однесе во Скопје, знае каде може да најде највреден подарок за себе и за своите најмили бидејќи нема ништо поубаво од солидарноста. Посакуваме приказната на баба Ѓурѓа да продолжи да се шири и да стане попопуларна од секоја цвеќарница во Скопје и пошироко. Ѝ благодариме што на Балканот ја разбуди толку посакуваната и потребна солидарност бидејќи знаевме дека таа постои во нас, но неправедно ја запоставивме, стои на крајот од текстот на српскиот портал.

Извор: Noizz
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот