X
 06.04.2022 Живот

Дигитален упис во средно училиште од септември

„Наша цел е во септември, оваа година, и голем број деветтоодделенци електронски да се запишат во средно училиште каде што ќе го продолжат образованието. Тоа ќе им го овозможиме со дигиталната услуга на Министерството за образование и наука -  „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. Ова го  кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири на презентацијата на новата услуга што се реализира во рамките на  проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“, поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје. 


Шаќири нагласи дека во време на брзо живеење и интензивна употреба на мобилните уреди, разбирливи се напорите на секоја државна институција што повеќе од своите услуги да ги овозможи во дигитална форма.

- Факт е дека пандемијата нѐ натера да ја забрзаме дигитализацијата во образованието во целина, и во услови на намалени физички контакти да овозможиме реализирање на обврските, но исто така е факт дека придобивките од неа се исто толку значајни и во постковид-периодот. Дигитализацијата на услугите ги ретчи непријатните метежи кога со документи в раце се чека на шалтер, ги исклучува трошоците за достава на документи по пошта, го крати времето за завршувањето на формалностите и на крајот, но не најмалку важно, додава транспарентност во целиот процес. Имено, дигитализацијата на услугите, покрај другите значајни придобивки, значи и минимизирање на можноста за какви било коруптивни дејства - потенцираше Шаќири. 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот