X
 01.10.2020 Живот

Животно од кое навистина се плашат жителите на Австралија

Австралија е позната како живеалиште на опасни и страшни животни, на пример, змии и пајаци. За среќа, повеќето од овие животни нема да ве нападнат доколку вие не ги нападнете први. Но страчките во Австралија не се толку учтиви.

Секоја година од почетокот на август до крајот на октомври австралиската страчка напаѓа сè што ќе се најде на растојание од 50 до 100 метри од нејзиното гнездо. Страчките напаѓаат кучиња, луѓе, па дури и автомобили. Ваквото однесување се должи на големото чувство за заштита на новородените пилиња. Во очите на страчката-родител сè што се движи претставува закана.


Фото: Pixabay

Жителите на Австралија се навикнати на ова и затоа често носат чадори или кациги со жици, а постои и веб-страница на која се објавуваат аларми за локацијата на страчките.

Инаку, страчките се интелигентни птици што може да препознаваат и помнат човечки лица и не напаѓаат луѓе доколку не сметаат дека се опасни. Затоа некои експерти препорачуваат да им се нуди храна на птиците за тие да го научат лицето и да не го нападнат.


Но дури ни тоа нема да помогне доколку жителот носи маска. Експертите не се сигурни дали маските ги влошуваат работите, но можеби е така бидејќи птиците не ги препознаваат луѓето доколку носат маски.

Добро е да се знае дека не се сите страчки агресивни. Напаѓаат само околу 10% од страчките, и тоа само машките, кога во гнездото имаат мали пилиња.

Автор: Аманда Јио
Извор: mashable.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот