X
 10.10.2018 Живот

Необичен план на Австралија да ги држи мигрантите подалеку од големите градови

Австралија размислува да воведе мерки според кои мигрантите неколку години би морале да живеат во рурални и зафрлени области на земјата, далеку од големите градови. Имено, Австралија, која во голема мера е слабо населен континент бидејќи поголемиот дел е пустина, има годишна стапка од раст на населението од 1,6 отсто, што е една од најголемите стапки според податоците на Организацијата за економска соработка и развој. Оваа земја има околу 25 милиони жители.

Сиднеј, Мелбурн и југоисточниот дел на Квинсленд се урбани зони во кои е побрза стапката на миграција, а австралиските власти нагласуваат дека притисокот на градовите ја чинел австралиската економија околу 9,2 милијарди евра. Ако нешто не се преземе, ситуацијата ќе излезе од контрола, па затоа австралиските власти сметаат дека со преселувањето на мигрантите во овие области ќе помогнат во спасувањето на економијата и смирувањето на ситуацијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот