01.11.2018
Живот
Хуманитарна помош не стигнува до милиони луѓе во светот
Милиони жртви на несреќи и катастрофи се оставени без хуманитарна помош секоја година бидејќи средствата не се точно насочени. Тоа се констатира во извештај на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во некои големи спасувачки операции хуманитарната помош пристигнувала до помалку од половината од засегнатите.
ОН сметаат дека оваа година итната хуманитарна помош стигнала до 97 милиони луѓе од 134 милиони што имаат потреба од неа.
Во извештајот се наведени редица фактори за таквата состојба, но и констатација дека локални хуманитарни групи се во подобра позиција за да достават соодветна помош.
Извор: МИА