X
 10.12.2020 Живот

„Ербиенби“ ќе обезбедува престој за луѓе во криза

„Ербиенби“ почнува програма за обезбедување домување за луѓето во време на криза. Оваа иницијатива ќе се имплементира преку невладината организација наречена „Ербиенби.орг“.

Организацијата ќе обезбедува привремен престој за евакуирани лица, хуманитарни работници, бегалци и баратели на азил, како и за работниците што се во првите редови во борбата против Ковид-19.

За почеток, организацијата ќе обезбеди 2 милиона долари за да им помогне на Меѓународната федерација на здруженија на Црвен крст и Црвена полумесечина и иницијативата за организирање помош КОРЕ, групи кои им помагаат на најтешко погодените од пандемијата.

Со овие пари групите ќе платат за сместување на работниците што спроведуваат тестови за Ковид-19 и помагаат во борбата против болеста на друг начин.

Во 2012 година „Ербиенби“ започна програма во чии рамки корисниците на платформата можат да им понудат бесплатен престој во своите домови на луѓето што имаат потреба за тоа.

Автор: Кери Михалчик
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот