“За Окер да не биде сам. Никој да не биде сам “ - тоа беше повикот на кој единствено Никола одговори, кога пред неколку години го вдоми бездомното куче Окер. Судбината е чудо, вчера токму вдомениот негов Окер беше кучето кое рипна од терасата и со лавеж и гребење по портите на комшиите јави дека гори куќата на улицата „Коле Цветков“ бр. 29 во Велес. Во триесетина минути огнот ја пеплоса куќата, покуќнината, фотографиите и се она што на 22годишниот Никола и неговата сестричка им беше останато од нивните родители, кои починале пред 8 години, двајцата во иста година.
Никола има 22 години и не е вработен, а тој се грижии за неговата пет години помлада сестра.
НЕ СМЕЕМЕ ДА ГИ ОСТАВИМЕ САМИ, сами да се соочуваат со судбината која по втор пат ги удри така силно, за среќа без жртви. Изгорено им е се, почнуваат од почеток.
ПОВИКУВАМЕ да помогнат сите, првично со обувки (патики, кондури), облека, згрижување на четирите кучиња кои ги има спасено и вдомено Никола, инаку волонтер и активист на здружението „Гласот за животните“ од Велес.
Понатаму неопходна ќе биде помош за обнова на домот, цигла по цигла. Мебел и се по ред.
Од пепел треба да се крене се што на овој свет има Никола и неговата малолетна сестра, прекрасни несебични млади луѓе, така полни со добрина.
Ве молиме кој е во можност да донира нешто директно да го исконтактира на
075 332 117 или да им пише на неговите другари од Гласот за животните од Велес.
Може да донирате и на жиро сметката на Никола:
210501614173945, Тутунска банка