„Курсера“ неодамна објави листа со 10 најпопуларни онлајн-курсеви во 2019 година. Дури седум се поврзани со дигитални вештини и вештачка интелигенција.
Најпопуларни онлајн-курсеви во 2019 на „Курсера“
1.
„Машинско учење“ од Универзитет „Стенфорд“
2.
„Научете како да учите: Моќни ментални алатки кои ќе ви помогнат да совладате тешки предмети“ од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего
3.
„Наука за благосостојбата“ од Универзитетот „Јејл“
4.
„Програмирање за секого: Основи на 'Пајтон'“
5.
„Вештачка интелигенција за секого“
6.
„Нервни мрежи и длабинско учење“
7.
„Англиски јазик за напредок во кариерата“
8.
„Алгоритми, дел 1“ од Универзитетот „Принстон“
9.
„Вовед во 'Тенсор флоу' за вештачка интелигенција, машинско учење и длабинско учење“
10.
„Што е наука за податоци?“
Бесплатните онлајн-курсеви почнаа да се нудат во 2008 година. „Курсера“ постои од 2012 г., а оттогаш соработува со универзитети за да нуди онлајн-курсеви. Во 2019 година 110 милиони луѓе следеле онлајн-курсеви и над 900 универзитети креирале вкупно 13.500 курсеви.
Автор: Луси Фостер
Извор:
weforum.org
Фото: Pixabay