Еден од проблемите предизвикани од изолацијата е кризата со учењето дома. Поради тоа што во Велика Британија се затворени училиштата и голем број наставници и студенти имаат ограничен капацитет за предавање и учење онлајн, британската влада во соработка со Би-би-си почна со виртуелни часови за ученици од сите возрасти во надеж дека ќе им помогне на родителите.
Меѓу другите на списокот, беше најавено дека и
Дејвид Атенборо ќе ѝ се приклучи на иницијативата и многу Британци се радуваат.
За оние што не знаат кој е овој човек - Дејвид е британски водител и истражувач. Тој е човекот кој стои зад многу познати документарни филмови за нашата планета и природата. Ако сѐ уште не ви е познато, знајте само дека тој е оној препознатливиот глас од сите документарци за природата.
Атенборо ќе предава голем број лекции, вклучувајќи ги и оние за океаните, мапирање на светот и зошто животните изгледаат онака како што изгледаат.
Проектот е наменет за ученици од сите возрасти, а беше најавено дека ќе се соработува со повеќе од 200 наставници.
Во шоуто ќе се вклучат и други познати имиња, како Џоди Витакер, Серхио Агуеро и Брајан Кокс.
Тука можете да видите како изгледа едукативната програма на Би-би-си.
Извор и насловна фотографија:
Bored Panda