X
 01.12.2019 Живот

Месечен хороскоп за декември 2019 година

Овен

Овен во новогодишен поход секогаш е интересна и поучна глетка. Вашата страсна енергија не познава граници. Особено сте посветени на усреќување на вашите најдраги. Со иста енергија ќе срушите бариери и ќе создавате нови работни стратегии.

Еднакво сте добри и во креативните работи и во технолошките предизвици. Малку сте агресивни, но секогаш добронамерни. Во љубовта е време за голема страст, а тоа е нешто што не смеете да го пропуштите. Кон крајот на месецот ќе патувате далеку од секојдневието и нема гледате назад во годината што помина.

Здравје - Внимавајте во сообраќајот бидејќи се можни повреди.

Бик

Незадоволни сте со себеси кога бескрајно долго одложувате некои задачи. Ќе прифатите решавање на работи што ви останале и ќе ја вратите креативната енергија. Ќе бидете доста фокусирани и јасно ќе ги одредите вашите приоритети. Чувството на завршување на одамна почнатата работа е непроценливо.

Во љубовта понекогаш сте манично љубоморни, а понекогаш рационални и полни со разбирање. Искористете го краткиот стабилен период за обновување на комуникациите и блискоста. Пријателите се секогаш со вас, ви помагаат во решавање на сомнежите и чувајте ги сите ваши тајни.

Здравје -
Повремени проблеми со циркулацијата и крвниот притисок, особено во вториот дел на декември.

Близнаци


Се чувствувате како да имате сила да го промените светот и веројатно сте во право. Полни сте со корисни идеи, а и интуицијата ви работи. Понекогаш разумот и чудното чувство во стомакот зборуваат сосема спротивни работи. Ќе мора да одлучите во што да верувате.

Одлични сте во сите комуникациски задачи, славата што сега ќе ја стекнете ќе ве следи уште долго. Семејството и партнерот сметаат на вашата поддршка, но вие често сте попустливи и им дозволувате на другите да одлучат наместо вас. Изберете цел, тоа е првиот предуслов за приватен деловен успех.

Здравје - Здравствениот сегмент е постабилен отколку во претходниот месец. Сепак, подложни сте вируси и бактериски инфекции.

Рак

Уметноста во вас е подготвена за покажување на светот. Покажете каква имагинација, креативност и соништа спијат во вас. Многу сте интуитивни и брзо ќе процените кога и кому ќе му ги покажете вашите дела или со кого ќе ги споделите вашите мисли. Немојте да чекате подобри денови, најдобриот ден е токму денес.

Романтични сте, но сè уште сте несигурни во љубовта. Ќе почувствувате како да морате да се докажувате. Ќе побарате самодоверба во промена на изгледот. Новогодишната тетоважа нека биде привремена бидејќи напролет може да ви здосади.

Здравје - Зголемена нервоза и стрес во текот на вториот дел од месецот.

Лав

Декември е месец во кој на светот му покажувате колку сте совршени затоа што е прекрасно да се биде во ваше друштво и затоа што никој не може да се мери со вас. Блескав холивудски пристап на излегувањата и дружењата целосно ќе одговара на овој период од годината.

Можеби сте маѓепсани, но не сте ни малку глупави. Ќе го уочите трагичниот обид за лажење и индискреција и ќе го казните по кратка постапка. Во слободно време заборавете малку на надворешниот сјај и насочете се кон приватниот свет.

Здравје
- Последниот дел од месецот е здравствено исцрпувачки и ви претстои пад на имунитетот.

Девица

Стандардно критична девица се претвори во вистинска депресија. Празничното расположение успешно го држите под контрола со критики. Бидете искрени, кога сте доживеале баш сè да оди по редоследот по кој сте замислиле?

Опуштете се и обидете се да им простите на другите што хаосот го доживуваат како природна појава. Околу Нова година ќе ја промените „плочата“ и ќе се претворите во мрзлива личност. Навистина не е фер да имате двојни критериуми, но толку сте слатки што е невозможно некој да ви се налути.

Здравје - Поволна здравствена ситуација во текот на декември.

Вага

Крајот на годината носи важна животна лекција - животот е онаков каков што самите го правиме да биде. Секое утро имате избор помеѓу депресивната реалност и блескавиот свет на новите можности. Љубов или осаменост, полет или лоши навики, избори со кои ќе се соочувате секој ден.

Храбриот истражувач во вас е подготвен за далечни патувања и нема сомнение дека ќе изберете возбудлива страна на животот. Краткиот период на малодушност брзо ќе помине со помош на пријателите. Во работата, барем засега, поважно е кого го знаете отколку што знаете.

Здравје
- Можни се проблеми со половината, зглобовите, коските, забите и хормоните.

Скорпија


Не залажувајте се, ако постои обожавател на моќта и влијанието, тогаш тоа сте вие. Вниманието и настапите пред јавноста се сосема друга работа. Иако попрво би избегале, ќе ја направите јавната презентација професионално.

Хипнотизирањето на масата е уште еден од вашите скриени таленти. Ќе бидете чувствителни на енергијата на другите луѓе и вешто ќе го избегнувате дружењето што не ви одговара. Цинично очекувате разочарувања, но новогодишното време на чуда нема да ве заобиколи. Оптимизмот отвора нови врати.

Здравје - Потребно е повеќе да се движите. Здравствената ситуација е прилично поволна.

Стрелец

Славењето не зависи од датуми, туку од вашето расположение. Овие денови полни сте со љубов кон блиските и благодарни што ве трпат во сите ваши изданија. Обновете ги занемарените пријателства, јавете им се на драгите луѓе, споделете совет (бесплатен е) и топол збор.

Во сериозните расправии останете неутрални. Нова година во вас буди нагласено враќање во детството, а навистина ништо не ве спречува да ја исполните желбата што ја имате одамна. Можеби тоа е лудо или едноставно магично, но оставете го вашето внатрешно дете слободно да се радува.

Здравје - Време е повеќе внимание да обрнете на исхраната и да го коригирате она за кое знаете дека не ви прави добро.

Јарец

Чудна комбинација од приватни и деловни случувања целосно ќе ве збуни. Тешко се снаоѓате во сивите зони, но секоја лекција е вредна злато. Малку уморни од сè, ќе побарате утеха во магијата на готвеното вино, блескавите светилки и калоричните јадења.

Напорно работевте цела година, па сега и вие смеете малку да уживате. Потребен ви е одмор од сè, дури и краток период на самотија и медитација. Крајот на годината ќе го дочекате под топло ќебенце на каучот, но веќе правите планови за далечни и важни патувања.

Здравје - Добра здравствена ситуација. Обрнете внимание на работата на жлездите и на зголемениот апетит.

Водолија

Вие сте вреден работник со капацитет за големи проекти. Особено ќе бидете брилијантни во трговија и комуникација. Деловните случувања брзо ќе се истакнат пред емотивниот огномет. Некој ќе ве воодушеви и целосно ќе ја замати вашата објективност.

Бидете паметни и потсетете се на вашите грешки од минатото. Склони сте кон препуштање на ситуациите, но немојте после да се жалите на неуспех. Барем понекогаш покажете дека знаете да бидете господар на вашата судбина. Љубовта е на земја, а вие пловите на облак.

Здравје - Неопходно е повеќе да се одмарате и максимално да се ослободите од стресот.

Риби

Се чувствувате кралски, па и очекувате таков третман. Иако најдобро функционирате во пар, во недостиг на внимателен и романтичен љубовник, подготвени сте сами да си создадете гламурозен живот. Вашата уметничка и креативна страна ќе се покаже во најдобро светло.

Го доживувате светот со сите сетила, а тоа се гледа и во вашите дела. Успешни сте во сè што ќе допрете, без оглед дали тоа е пишување или готвење. Не занемарувајте го вашето здравје. Иако празниците ве повикуваат на хедонизам, не прескокнувајте ја редовната физичка активност.

Здравје - Месецот е стабилен кога станува збор за здравјето. Треба физички да се активирате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот