Јапонија е земја на многу прекрасни планини и прекрасна природа. Но, иако сонот на многу љубители на природата е да се искачат на највисоките планини, искачувањето на оваа планина може да биде најуникатно, иако нема да претставува предизвик.
Планината Тенпо или Тенпозан во Осака е една од минијатурните
планини во Јапонија чиј врв се наоѓа на околу 4 метри надморска височина. Станува збор за вештачка планина која била изградена во 19 век за да им помогне на бродовите да се движат и да ги најдат пристаништата.
Фото: Wikipedia
Впрочем, Тенпо е толку мала, што единствената причина што се смета за планина е тоа што е официјално признаена како таква од страна на Институтот за географија во Јапонија.
Фото: Pixabay
Во близина на планината има многу атракции, како парк и панорамско тркало. За оние што ќе се искачат до врвот има и сертификати кои чинат 100 јени. Тенпо веројатно е идеалната планина за оние што сакаат да планинарат, но се плашат од височини.
Извор:
unusualplaces.org