X
 19.05.2016 Култура

Дали Монт Еверест е највисоката планина на светот?

Според научниците, Монт Еверест не е највисоката планина во светот. Всушност, највисоката планина е Чимборазо во Еквадор.

 

планина


Сепак, Еверест се`уште е победникот според традиционалната метрика со оглед на тоа што се наоѓа на 9.000 метри надморска височина и илјадници повеќе во споредба со било кој друг најблизок ривал.

Но, Еверест не е навистина највисока или најблизу до вселената. Планината во Еквадор е победникот и тоа поради обликот на Земјата. Монт Еверест е победник само кога се мери од нивото на морето. Но, ако мерите од центарот на Земјата, тогаш Чимборазо е вистинскиот победник, а Еверест не стигнува ни до првите 20 планини.

Причината за тоа е што нашата планета нема совршена сфера, и е рамна на врвот и на дното, а во средината е испапчена нанадвор.

Обликот им дава предност на сите планини кои се наоѓаат во близина на екваторот, а Чимборазо е една од нив. Планината е доста близу до надуената средина на Земјата.

„The New York Times“ објави дека при неодамнешното искачување, планинарите од францускиот институт „Institut de Recherche pour le Développement“ открија дека всушност искачувањето е 4 метри пократко отколку што претходно се мислеше.

При други мерења, Монт Еверест не е ниту највисоката планина. Мауна Кеа на Хаваите е исто така меѓу кандидатите, но бидејќи дното и голем дел од остатокот на планината се наоѓаат под морето не може да ја стигни Монт Еверест.

Според извештај од Ендру Грифин: „Сите оние кои храбро се искачиле на Монт Еверест се чини дека тоа го направиле залудно - тие всушност не се искачиле на највисоката планина на светот, барем не според научниците. Највисока е Чимборазо, во Еквадор која победи во традиционалната метрика“.

„Монт Еверест може ја искачиле илјадници луѓе уште од првиот подвиг на Сер Едмунд Хилари во 1953 година, но се чини дека не е највисоката планина на светот. Со 8.848 метри надморска височина, статистиките покажуваат дека планината во Непал е највисоката точка на Земјата“, вели извештајот објавен од „Мetro“.

Кога ќе се спореди со најблиските ривали надвор од Хималаите - Монт Еверест е речиси 2.000 поголема од втората најголема планина, Аконкагва на Андите. Но, технички гледано, планината не е највисоката точка на Земјата - туку е највисока кога се мери од нивото на морето. Ова значи дека ако станува збор за највисоката точка, Чимборазо е победникот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура