Користејќи фотографии направени од опсерваторијата „Пик ду Миди“, астрофотографот Жан-Лук Доверн ја објави најдеталната мапа на Марс направена од Земјата. Фотографиите се направени од опсерваторијата на врвот на француските Пиринеи, во период од шест ноќи во октомври и ноември со помош на 1-метарски телескоп. Тимот потоа ги составил стотиците фотографии за да ја направи оваа неверојатна мапа.
Доверн работел заедно со астрофотографот Тиери Лего, Франсоа Колас од париската опсерваторија и Гијом Довилер за да ја состави мапата. Потребни биле околу 30 часа обработка за да се комбинираат податоците.
- Ова е најдобрата фотографија направена во изминатите 15 години. Целта беше да се добијат слики, но кога ја обработив последната слика направена на 1 октомври, почнав да сфаќам дека можеби имаме доволно за да го направиме овој „Свет грал“, што е глобална мапа - вели Доверн.
Фото: Jean-Luc Dauvergne
Проектот бил вистински тимски напор, заедно со Колас и Леголт, за да се осигурат дека фотографиите се направени кога временските услови се оптимални. Но, имало и предизвици. На пример, тимот требало да сними видеоснимки што би биле читливи со оглед на турбуленциите во атмосферата. Токму од овие видеа тие ги избрале најдобрите слики за обработка.
Целата работа и трпеливоста на тимот се исплатиле бидејќи картата на Марс веќе забележала голем успех. Не само што фотографијата од НАСА била именувана како Астрономска слика на денот, туку и тимот ја искористил во трудот што го објавил во научното списание „Сајнс“. Пред сè, нивниот проект ни дава можност да видиме како изгледал Марс во овој специфичен момент. Ова навистина вреди, со оглед на бројот на бури од прашина на оваа планета.
Фото: Jean-Luc Dauvergne