X
 20.01.2018 Наука

Генски мутации што не ни знаеме дека ги имаме

Има неколку факти за нашето тело за кои не знаеме дека се генски мутации, најверојатно бидејќи сега се честа појава кај многу луѓе. Ако се вратиме назад кон еволуцијата, ќе видиме дека секоја предност што луѓето ја поседуваат е создадена од генска мутација.


Ова се неколку работи за кои е можно да не сте знаеле дека се мутации:

1. Способноста за пиење млеко

Пред околу 10.000 години, кога Европејците ги припитомувале животните како, на пример, кравите, мутација во генот „MCM6“ довела до тоа луѓето да го произведуваат ензимот лактоза. Ова доведува до тоа луѓето да пијат кравјо млеко. Сега се зема предвид дека повеќето луѓе пијат млеко, но факт е дека се работи за мутација што не треба да се зема здраво за готово.

2. Недостиг на умници

Умниците често знаат да предизвикаат болка, особено ако е потребно хируршко отстранување. Кај модерните луѓе умниците се најчесто непотребни. Предците имале повеќе заби за да можат да ја џвакаат жилавата храна, а сегашните луѓе јадат многу помека храна. Околу 40 проценти од Азијците, 45 проценти од Инуитите, 10 до 25 проценти од Американците и Европејците и 11 проценти од Афроамериканците имаат недостиг од умници.

3. Црвена коса

Ова е една од најпознатите мутации, па само 4 до 5 проценти од луѓето ја имаат и тоа најчесто се јавува кај лицата од Северна Европа. Се верува и дека овој ген веќе изумира, најверојатно поради зголемениот диверзитет во генската варијација поради глобализацијата или условите предизвикани од климатските промени.

4. Сини очи

Во минатото секое човечко битие имало кафеави очи. Но, се случила мутација пред  околу 6.000 до 10.000 години. Првото лице што имало сини очи живеело во Европа. Дошло до генска варијација на генот кој сега се нарекува „OCA2“, што ја променил количината на пигмент произведен од различни индивидуи, дозволувајќи појава на различни нијанси на кафена, а потоа и појава на други бои.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука