X
 01.12.2022 Живот

Приватните превозници утре од 6 часот ќе го блокираат Скопје

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од 6 часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, и директорот на ЈСП, Александар Стојковски, за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.

- Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исход или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела - рече Јовановски.

Доколку и во меѓувреме нема резултати, ќе бидат блокирани крстосниците кај ТЦ Мавровка, Црвен крст и ул. „Илинденска“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот