X
 01.12.2023 Живот

Милијардерите од новата генерација се главно наследници

Богатството на новата генерација милијардери претежно се заснова на наследство, а не на работа и претприемништво, се вели во извештајот на швајцарската банка УБС (Union Bank of Switzerland).

Во својот извештај за амбициите на милијардерите за 2023 година, УБС наведува дека илјада милијардери ќе им пренесат 5,2 трилиони долари на своите деца во следните 20 до 30 години.

Од 137 луѓе што станале милијардери за една година, до април оваа година, педесет и три наследиле вкупно 150,8 милијарди долари од нивните семејства, според извештајот на УБС, што ги надминува 140,7 милијарди долари генерирани од 84 самосоздадени милијардери во истиот период.

Банката соопшти дека првпат се случува во деветгодишната историја на нејзиниот извештај за богатството на најбогатите 0,00004 отсто од следната генерација милијардери да акумулираат повеќе богатство преку наследство отколку преку претприемништво.

Зголемувањето на семејствата кои своето богатство го засноваат на наследство е забележливо во сите делови на светот.

Во Азија и Пацификот, просечното богатство на наследниците беше 2 милијарди долари во споредба со 1,6 милијарди долари за претприемачите, додека во Америка, нето-богатството на новосоздадените милионери наследници беше 2,2 милијарди долари наспроти 1,5 милијарди долари за претприемачите.

Во Европа, Блискиот Исток и Африка, просечното богатство на наследниците од 4,4 милијарди долари е двојно повеќе од 2,2 милијарди долари на самосоздадените милијардери-претприемачи.

- Со оглед на тоа што сѐ повеќе од првите тајкуни стареат, одговорноста почнува да се префрла на нивните наследници, негувајќи потенцијални идни повеќегенерациски семејства на милијардери - изјави УБС, додавајќи дека овој тренд е одамна задоцнет.

Зголемувањето на бројот на наследници милијардери е последица на бумот на претприемничката активност од 90-тите, што ги постави темелите за идните генерации, се објаснува во извештајот.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот