Минатата година светот добил над 5 милиони нови милионери, и покрај пандемијата. Многу сиромашни си ги зголемија финансиските проблеми поради пандемијата, но и многу богати луѓе го зголемија богатството.
Истражување на „Кредит Свис“ покажува дека лани бројот на милионери се зголемил за 5,2 милиони и достигнал 56,1 милиони на глобално ниво.
Во 2020, над 1% од возрасните биле милионери. Враќањето на тргувањето со акции на нормално ниво и растењето на цените за сместување помогнале во зголемување на богатството на богатите, пишува Би-би-си.
Фото: Pixabay
Според истражувањето, вкупното богатство во светот се зголемило за 7,4% минатата година. Од почетокот на овој век, бројот на лица со богатство од 10.000 долари до 100.000 долари се зголемило за повеќе од трипати - од 507 милиони во 2000 на 1,7 милијарди во средината на 2020.
Според истражувачите, ова се должи на економскиот раст на некои земји, како Кина, и зголемениот број на лица во средна класа во земјите во развој.
Извор:
BBC