X
 02.01.2017 Живот

Најчудните причини за развод

Полесно е за верување дека станува збор за оправдувања зад кои се кријат вистинските причини.

1.    Алергичен на сопругата

Сме чуле за алергичност на полен, на одредена храна, материјали, но сè уште не сме разбрале дека некој човек може да предизвика алергична реакција кај друг. Но, токму еден маж тоа го навел како причина во службените документи за развод. Се разбира, судијата не му ја прифатил наведената причина.

2.    Предобар сопруг

Една Еѓипќанка сакала да се разведе од сопругот, бидејќи бил „предобар и многу посветен“. На суд рекла дека за време на бракот многу се променил, престанал да пуши и да излегува до доцна. Неговото примерно однесување ја правело депресивна и несреќна. Успеале да се разведат откако пропаднале сите обиди за помирување.   

3.    Зависност од „сапуници“

На еден сопруг му се здосадила сопругата која по цели денови гледала „сапуници“ на телевизија. Ги запоставила домашните работи, па дури и него и децата. Сметал дека тоа е легитимна причина за развод.

razvod
Фото: Pixabay

4.    Ми се смачи да бидам во брак

Како бракот да е играчка, па кога ќе ни здосади – ја фрламе. На некои луѓе им се смачило повеќе да се трудат и посакале да пробаат живот каде што нема да има потреба да се прилагодуваат на друга личност и да се одрекуваат заради таа личност.

5.    Зависност од чистење

На некоја Германка ѝ здодеала опсесијата на сопругот постојано да чисти. Го трпела 15 години таков, а ѝ преседнало кога го срушил валканиот ѕид во куќата и кога одново го изградил.

6.    Храни бездомни кучиња

Пензионерка од Романија веќе не можела да поднесе што нејзиниот сопруг ги троши парите  за да ги нахрани бездомните кучиња. Тоа е многу благороден чин, но нејзе, едноставно, ѝ сметал што сопругот повеќе трошел на кучињата, отколку на неа. Заради бездомните кучиња се развеле после 50 години брак.

7.    Сите мои пријатели се разведоа

Е, ова се вика поводливост! На некои поважни им биле пријателите од брачниот партнер, па откако сите им се развеле, веќе не гледале смисла и самите да останат во брак. Со престанокот на дружбите во двојки, стигнал крајот и на нивната брачна заедница.  

8.    Прегласно јаде

Прегласното жвакање на партнерот толку го излудувал другиот брачен другар, што заедничкиот живот им станал неподнослив. Едниот не можел да го намали уживањето во храната, па се чини дека единствено решение бил разводот.

9.    Не му се допаѓа филмот „Frozen“

Frozen беше огромен кино-хит, а една жена толку се опседнала со него, што не можела да сфати зошто не му се допаѓа на нејзиниот сопруг. Сметала дека поради тоа, нешто не е во ред со него и дека тој не е добар човек.

10.    Погрешен статус на Фејсбук

Фејсбукот игра значајна улога речиси во 20% од разводите. Една брачна двојка се развеле, бидејќи сопругот не го променил љубовниот статус на Фејсбук, откако стапиле во брак. Жената сметала дека неколкуте месеци во брак биле доволно време за да го промени статусот. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот