Сите сме свесни за страдањата што ние, како човечки суштества, им ги предизвикуваме на другите видови што живеат на планетава. Уништувањето на живеалиштата, прекумерната експлоатација, климатските промени придонеса за она што брзо станува шесто „масивно истребување“ и за сето ова сме виновни ние.
Што ако можеме успешно да отстраниме некои од овие штети и да им помогнеме на загрозените видови да закрепнат? Иако е огромна задача, приказната за морските желки може да ни дадат причина за оптимизам.
Морските желки живеат во океаните повеќе од 100 милиони години, но прилично им е тешко откако луѓето ги окупираа нивните живеалишта. Кога не се фатени и користени како храна, нивните места за гнездење се уништуваат од загадувањето покрај плажите. Исто така, честопати тие се фаќаат и се заплеткуваат во мрежите и куките што рибарите ги оставаат зад себе.
Фото: Јordi Chias
Сепак, неодамнешно истражување спроведено на 299 места за гнездење на различни локации низ светот покажа значително зголемување на морските гнезда на желките, што покажува дека за овие прекрасни суштества има надеж. Ова е прекрасна вест, особено затоа што истражувачкиот тим ги припишува напорите за конзервација како можна причина за пресвртот.
Морските желки биле прогласени за загрозени во 70-тите години. Во САД и во Мексико биле усвоени закони за нивна заштита. Оттогаш напорите за зачувување се засилија. Започнаа да се воведуваат кружни куки за кои е помала веројатноста да бидат проголтани од желките, како и специјално дизајнирани мрежи за ракчиња што им овозможуваат на желките безбедно да избегаат. Овие мерки ја намалуваат смртноста на желките до 90 отсто. Другите заштитни методи вклучуваат затемнување на плажите и масовно чистење на крајбрежните живеалишта.
Фото: Eric Solheim
Фото: Afroz Shah
Најдобар пример за големо расчистување доаѓа од плажата Версова во индискиот град Мумбај. Оваа плажа била преполна со пластика и друго ѓубре, но неодамна плажата беше исчистена и трансформирана во прекрасно крајбрежје каде што желките можат безбедно да се гнездат благодарение на напорната работа на посветени волонтери.
Напорот за чистење на плажата го водеше адвокатот и еколог Афроз Шах - волонтерите успеале да отстранат неверојатни 5 милиони килограми пластика за 85 недели. Афроз Шах и лично ги чувал желките што се пареле за да можат да направат гнездо на плажата Версова.
Фото: Afroz Shah
- Се расплакав кога видов дека се движат кон океанот. Секој монсун во океанот фрла пластика и нечистотија на плажата, но со редовно чистење се менува ситуацијата на теренот. Речиси 30.000 ученици и околу 500 волонтери редовно чистеа во викендите. Исто така, неодамна дојдоа и 6.000 луѓе кои ја чистеа плажата на 31 мај 2018 година - вели Афроз.
Фото: Afroz Shah
И покрај позитивните иницијативи,
морските желки се далеку од безбедни. Само оваа недела 300 желки биле пронајдени мртви во близина на брегот на Мексико. Се претпоставува дека се удавиле во рибарските мрежи.