X
 02.01.2021 Живот

Вирусот ја менува традицијата во Италија: Наместо кафе, се подаруваат ковид-тестови

Повеќедецениската италијанска традиција на подарување кафе оваа година е заменета со давање тестови за Ковид-19.

Масовното тестирање и комплицираната организација оставија многу луѓе во Италија без можност да бидат тестирани. Оваа ситуација е особено видлива во сиромашните квартови.

Здравството во Италија не може да се справи со големиот број луѓе што сакаат да бидат тестирани. Приватните тестови чинат меѓу 60 и 80 евра, а многумина не можат да си го дозволат тоа.

Според италијанските медиуми, две здруженија во Неапол му овозможуваат на локалното население тестирање по контролирана цена, па дури и бесплатно. Исто така, во Милано, под големиот шатор на бригадата „Црвена помош“, може да се направи бесплатен тест што го обезбедиле луѓе кои имале повеќе пари.

- Им правиме тестови на луѓе кои инаку не би можеле да си ги дозволат, особено во овој период кога се затворени приватните лаборатории, така што оној што може и сака плаќа за тестот на друго лице - вели здравствениот работник Рикардо Џеремани.

Повеќето од овие здравствени работници доброволно работат во текот на денот.

Традицијата да се подарува кафе на непознати лица кои не се во состојба да си купат потекнува од Неапол, каде што многу често во баровите луѓето се почестени со кафе од личноста што пред нив била таму, го испила своето кафе и оставила пари за уште едно кафе.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот