X
 02.02.2024 Економија

„Тојота“ е најпродаван автомобил во светот четврта година по ред

Во 2023 година компанијата „Тојота“ продаде рекордни 11,2 милиони возила, со што четврта година по ред е на врвот по бројот на продадени автомобили во светот.

За овој резултат придонесува и поголемата побарувачка во сите региони и подобрувањето на ситуацијата со недостигот на полуспроводници.

Последниот рекорд на продажба на „Тојота“ бил постигнат во 2019 година, кога биле продадени 10,7 милиони возила. Продажбата на хибридни возила минатата година изнесува 3,4 милиони единици, што е за 31,4 отсто повеќе на годишно ниво.

Во текот на 2023 година „Тојота“ продаде вкупно 104.018 целосно електрични возила. Иако тоа е значителна бројка, факт е дека тоа е околу еден процент од вкупната продажба на нејзините автомобили, а јапонскиот гигант објави и план за зголемување на продажбата на овој тип возила на 1,5 милион примероци годишно - и тоа до 2026 година.

Особено е важно да се истакне дека годинава „Тојота“ има продадено 7,2 отсто повеќе автомобили отколку во 2022 година, што е навистина значителен скок, како и дека во Европа се продадени 1,1 милион автомобили од овој бренд, што претставува извонреден раст од дури 9,1 отсто во споредба со 2022 година.

Извор: Klix.ba

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија