X
 02.04.2017 Култура

Загрозената убавина на црешовите цветови низ светот

Климатските промени предизвикуваат црешовите дрвја да цветаат порано отколку што е нормално. Ова ги става нежните цветови на ризик и има пропратен ефект во екосистемот.

Во многу делови низ светот тие цветаат, а во Киото, Вашингтон, Стокхолм и Бон ова се слави и со фестивали. Околу 1,5 милиони туристи се очекуваат на фестивалот во Вашингтон, а тој придонесува за локалната економија и до 150 милиони долари.

Во Киото, Јапонија тие се традиција. За да го слават овој феномен маси луѓе се собираат по парковите за да парадираат под расцветаните крошни. Некои црешови дрвја во Вашингтон се подарок од Јапонската влада. Во Бон пак, на јапонските туристи им е задоволство на најдат нешто што е блиско до нивната култура.

Во многу области низ светот, тие цветаат порано, 10 до 12 денови порано отколку во минатото. Во Јапонија фестивалите се поместени за 3 недели порано отколку пред 60 години. Ефектот кој климатските промени го имаат врз црешите преку зголемена веројатност за студени бранови е најтежок за плодовите. Губењето на цветовите значи и губење на плодови.

Варијациите во цутењето влијаат и на животните. При високи температури животните се будат од зимски сон и ризикуваат да бидат погодени од пролетен мраз. Ако овие извори на храна за животните се уништат од студен бран, тие ќе умрат од глад.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура