X
 29.06.2015 Култура

Зошто токму луѓето владеат со светот?

Професорот по историја Јувал Ноа Харари, автор на „Sapiens: A brief history of mankind“ објаснува зошто луѓето доминираат на Земјата во последниот период. Причината не е онаа која ја очекувате.


Пред 70.000 години, луѓето биле незначајни животни. Најважната работа која треба да ја знаете за овие праисториски луѓе е дека тие биле неважни. Нивното влијание на светот било многу мало, помало од она на медузите или клукајдрвците. Но денес, луѓето ја контролираат планетата.

Како стигнавме до овде?

Што беше нашата тајна за успех која нè направила владетели? Честопати кон разликата меѓу нас и другите животни гледаме на индивидуално ниво. Сакаме да веруваме дека има нешто специјално со човековото тело или човековиот мозок кој секој човек го прави посебен.

Но фактот е дека луѓето се неверојатно слични на шимпанзата во овој поглед. Доколку ставите човек и шимпанзо на пуст остров веројатно шимпанзото ќе преживее. Вистинската разлика меѓу нас и другите животни е на колективно ниво. Луѓето го контролираат светот бидејќи сме единствените животни кои може да соработуваат во големи бројки. Мравките и пчелите, исто така, може да работат заедно во големи бројки, но тоа го прават на строго определен начин.

Само Хомо сапиенсот може да соработува во екстремно флексибилни начини со безброј други луѓе. Соработката не секогаш е добра, секако. Сите ужасни работи кои луѓето ги правеле во текот на историјата се производ на масовната соработка. Животните немаат затвори или концентрациски кампови.

Но, зошто луѓето се единствени кои се способни за флексибилна соработка во големи бројки?

Одговорот е во имагинацијата. Може да соработуваме со многу непознати луѓе бидејќи може да измислуваме приказни, да ги шириме и да убедуваме милиони луѓе да веруваат во нив. Сè додека секој верува во истите измислени приказни, сите ги почитуваат истите закони и може да соработуваат ефективно.

Само луѓето се способни за верување во ваквите приказни - религија, политика, пари. Затоа владееме со светот, а шимпанзата се затворени во зоолошки градини или лаборатории.

Сепак, додека сите други животни живеат во објективен свет од реки, дрвја и ѕверови, ние луѓето живееме во двоен свет. Во овој свет има реки, дрвја и ѕверови. Но на врвот имаме создадено втор слој реалност составена од измислени работи како Европска унија, Бог, доларот итн.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура