X
 21.09.2018 Живот

Путин: „Светот и државите добиваат повеќе благодарение на успешните жени“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, порачува дека е важно зачувувањето на традиционалните вредности на семејството и мајчинството и се залага за укинување на родовата нееднаквост.

- Заштитата на мајчинството, децата и поддршката на жената во Русија добиваат особено внимание. Односот кон жените кај нас, во нашата земја, е посебен - вели Путин.

Тој смета дека треба да се реши проблемот со родовата нееднаквост, да се укинат стереотипите и ограничувањата во кариерниот напредок на жените.

- Светот и државите добиваат ако женските успеси се помногубројни - изјави тој на Евроазискиот женски форум.

Според неговите зборови, само во тој случај може да се зајакне националниот потенцијал, да се обезбеди стабилен глобален развој за цела цивилизација.

- Важно е да се зачуваат и традиционалните вредности, вредностите на семејството и мајчинството кои не зависат од општествената структура на технолошкиот напредок. Тие се заеднички за земјите со различни култури, обичаи и кодови - нагласува Путин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот