Илон Маск открил три работи за кои мисли дека би можеле да доведат до изумирање на луѓето. Според претприемачот, кој има осум деца, еден од главните проблеми е намалувањето на бројот на новороденчиња во западниот свет.
- Ова можеби е најголемата закана за иднината на човечката цивилизација - изјавил тој во интервју.
Маск додал дека многумина во светот имаат чувство дека на планетата има премногу луѓе, но стапката на наталитет многу се намалува. Тој и претходно изјавувал дека овој проблем може да доведе до крај на цивилизацијата.
Другите две закани за човечкото постоење се стравовите за погрешно управување со вештачката интелигенција и порастот на религискиот екстремизам.
Најголемата надеж за иднината на човештвото е да се создаде самоодржлив град на Марс бидејќи така животниот век на човештвото веројатно ќе се зголеми, според Маск.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија:
Facebook